Connect with us

Струмица

Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село, почина бебе

Avatar

Published

на

Бебе почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица-Ново Село.

Според информаиците од СВР Струмица, несреќата се случила кога автомобилот во кој се превезувало бебето излетал од патот.

Во несреќата повредени се В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко.

„На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко“ соопшти СВР Струмица.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе