Connect with us

Струмица

Во Струмица, отворена изложбата „30 години во FECC“, во рамките на програмата на Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Синоќа во Градската уметничка галерија во Струмица беше отворена изложбата „30 години во FECC“, во рамките на програмата од вториот ден на карневалските празнувања во Струмица.

Свое поздравно обраќање пред присутните имаше членот на Советот на општина Струмица Ице Беличев, во кое меѓу дргото истакна: „Овој вечерашен настан е многу сериозна работа, затоа што станува збор за едно убаво одбележување на значаен дел од севкупното постоење на Струмичкиот карневал. Богатството од трајни вредности на тоа постоење веројатно не би било толку шаренолико, доколку не се случеше Норчепинг – Шведска и таа 1994 година во која FECC ги отвори ширум портите за добредоје за Струмичкиот карневал. Но таквиот прием треба да се заслужи, а на Струмичкиот карневал му требале само три години од неговото возобновување, со својот квалитет, да го сврти вниманието кон себе, на европското и светското карневалско семејство“.

Изложбата „30 години во FECC“ ја отвори првиот човек на Федерацијата на европските карневалски градови, Швеѓанецот Ларс Алгел, а за триесетгодишниот историјат, од приемот во FECC до денес, зборуваше претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.

прикажи повеќе

Струмица

Од 1 јуни поефтино гориво за 4 денари на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“

Avatar

Published

на

Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ ги наградуваат своите верни потрошувачи со попуст за секој литар наточено гориво. Од 1 јуни нафтените деривати наместо досегашните 3 денари ќе се продаваат поефтино по 4 денари помалку за литар од редовните цени утврдени од Регулаторната комисија.

Побарајте Loyalty card на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ и добијте го попустот веднаш на каса за секој литар наточено гориво.

Точете гориво на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ за 4 денари/литар поефтино од редовните цени.

Прочитај повеќе

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе