Connect with us

Радовиш

Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица

Avatar

Published

на

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.

Радовиш

Во ОНБ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш, денес започна традиционалниот 15 по ред ,,Саем на книги 2024“

Avatar

Published

на

Од денеска до 23 мај  Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш го организира традиционалниот 15 по ред САЕМ НА КНИГИ 2024.

На саемот со свои наслови се претставени 15 издавачки куќи на 12 штанда со вкупна понуда од над илјада наслови.

На присутните љубители на пишаниот збор добредојде им посака директорот на библиотеката Станој Петров.

За значењето на читањето на истиот зборуваше проф. Јовица Илиќ, а за отворен саемот го прогласи Љупче Почивалец – секретар на Општина Радовиш.

Саемот ќе трае до Четврток, 23 мај во термин од 10.00 до 19.00 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ денеска го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата

Avatar

Published

на

Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ денеска го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата. На поставен штанд во центарот на Радовиш на кој граѓаните можеа да дегустираат природен мед, членови на здружението им делеа и флаери со цел да ја поттикнат свеста кај граѓаните за зачувување на македонската медоносна пчела која е најбитна за опстанок на природата и човештвото.

Инаку ова здружение е формирано од пред неколку недели и во него веќе членуваат речиси сите пчелари од Општина Радовиш.

Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) се повеќе се загрозени од активностите на човекот, од загадувањето на животната средина со што се доведува во прашање и опстанокот на пчелата.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш упатува честитка до ТППЕ по повод 20 -ти Мај, Ден на пожарникарството во Република Македонија

Avatar

Published

на

„Честитки до сите пожарникари вработени во нашата ТППЕ и до пожарникарите во цела Македонија. 20 -ти мај е Ден на пожарникарството во Република Македонија, на овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред“, стои во честитката од Општина Радовиш.

20 мај од осамостојувањето на Македонија во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарите во Македонија.

„Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес и е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Републиката. Територијалните противпожарни единици се должни да учествуваат во гаснење на пожари и спасување на животот на луѓето и имотот загрозени од пожари и други несреќи на целата територија на Република Македонија, како и да даваат помош кога тоа е побарано при гаснење на пожари во други држави.“, стои во законот.

Вообичаено низ улиците на градот се одржува дефиле од единицата ТППЕ Радовиш, која во последно време е се поопремена со нова и современа опрема за откривање и интервенции на пожари.

Прочитај повеќе