Радовиш
Заврши изградбата на новата улица во село Ињево, во должина од околу 300 метри
Published
7 месеци agoна
By
Media PressЗаврши изградбата на новата улица во село Ињево која Општина Радовиш започна да ја гради од пред неколку недели. Станува збор за ул. 9 крак 1 во с. Ињево во вредност од 3.972.826 денари. Должината изнесува 290м, а вкупната ширина со тротоари изнесува 8м.
Поради потребата на граѓаните улицата да се асфалтира заради лошата состојба во која се наоѓаше посебно при врнежо од дожд, Општина Радовиш ја предвиде во годишната програма за реализација на инфраструктурни проекти.
Инаку Ињево е единственото населено место во Општина Радовиш со прекрано испланиран урбанистички план во кој се предвидени прави и широки улици согласно стандардите за едно населено место, со предвиден простор за тротоари.
Загрижува фактот што како и во останатите населени места и овде младите се иселуваат. Според пописот во 2002 година во селото имало 1624 жители, а според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.139 жители. За овие две години кога иселување е уште поактивно, сигурно е намалена и оваа бројка, за што говорат и бројките од запишани првачиња во училиштето.
Општина Радовиш знаејќи ги овие податоци, сепак продолжува со реализација на предвидената програма и стварање на подобри услови за оние жители кои останале да живеат во своето родно место.
Жителите во Ињево се задоволни од изградбата на оваа улица, но се надеваат дека ќе се продолжи и во иднина со асфалтирање на помалите, споредни улички во селото.
Поврзани содржини
РАДОВИШКИОТ МЕД ОЦЕНЕТ СО ЗЛАТНИ МЕДАЛИ И ПЕХАРИ НА БАЛКАНОТ
Два случаи на физички напад во текот на вчерашниот ден во Радовиш
ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш со нов директор, претходниот заминува во пензија
ЗПОРК -Радовиш, домаќин на најмасовната републичка манифестација „Пикник на отворено“, околу 4.500 пензионери на едно место
„КАКВА ВИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ВИ Е ЖИВОТОТ“ – Стен-дап шоу на Драган Маринковиќ-Маца на летната сцена на ЦК „Ацо Караманов“ – Радовиш
По повод утрешниот голем национален празник Илинден, во Радовиш положено свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев
Радовиш
42 – годишно лице од радовишко извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга
Published
4 месеци agoна
јуни 12, 2024By
Media Press„На 10.06.2024 во 17.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Н.(42) од радовишко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Струмица.
Радовиш
СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ
Published
5 месеци agoна
мај 10, 2024By
Media PressСОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.
Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.
Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.
Радовиш
Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир
Published
5 месеци agoна
мај 10, 2024By
Media PressФизичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.
На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.