Connect with us

Струмица

Денеска се одбележуваат 20 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

Avatar

Published

на

Пред споменикот „Македонија“ во струмичкиот градски парк, во организација на општина Струмица, денеска се одржа чествување на ликот и делото на вториот македонски Претседател Борис Трајковски, а по повод 20-годишнината од неговото трагично загинување.Пригоден говор за Претседателот Трајковски одржа градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото истакна:

„Ете таков беше Претседателот Трајковски, обичен човек со обичните луѓе и посветен државник со државниците од целиот свет. Клучна беше неговата улога во 2001 година кога со мудра одлука и негово авторство на Охридскиот рамковен договор ги спречи понатамошните крвопролевања од воениот конфликт, кој се закануваше да прерасне во стравична војна од пошироки размери, налик на оние од другите простори на поранешна Југославија. Вреди да се каже дека неговите државнички активности беа насекаде препознаени и високо вреднувани од меѓународната јавност, па така, во 2002 година, Претседателот Трајковски ја добива титулата „почесен витез“ од англиската кралица Елизабета Втора“.

Свежо цвеќе пред споменикот положија членови на семејството Трајковски, градоначалникот Костадинов и членови на Советот на општина Струмица , како и претставници на политички партии и институции, а пригоден рецитал одржаа членови на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица.

Пред четири дена од пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк започна традиционалниот планинарски марш во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во маршот кој го организира ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица, а го поддржува општина Струмица, учествуваа планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија кои денеска на 26 февруари, ќе положат цвеќе на неговиот гроб во Скопје.

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе