Василево

Општина Василево ја дислоцира дивата депонија во с. Василево

Општина Василево деновиве активно спроведува активност на дислокација на дивата депонија во населеното место Василево, која се наоѓа во близина на големото фудбалско игралиште во Василево на површина од околу 20 декари.

„Тешка механизација трет ден по ред, интензивно работи на дислоцирање на дивата депонија во непосредна близина на големото фудбалско игралиште во Василево, која повеќе од една деценија го загадува централното подрачје на нашата општина. Депонијата е рак рана на Василево и околината и затоа пристапивме кон целосно решавање на овој проблем. Оваа еколошка бомба ќе биде минато“ вели градоначалникот Славе Андонов.

Ридовите од отпад, наталожени во изминатите десетина години, како што информира градоначалникот се отстрануваат и дислоцираат на старата депонија во с. Василево и депонијата Шапкар во с. Добрашинци. По целосната дислокација на депонијата,  планирано е овој простор да биде ограден како би бил целосно заштитен од евентуално фрлање на отпад и негово повторно загадување, за што градоначалникот најави и примена на санкции спрема прекршителите согласно  законската регулатива.

„Имајќи во предвид дека оваа депонија е рак рана на населеното место Василево повеќе од десет години, по завршувањето на сите активности на терен ќе пристапиме кон оградување на ова место а со тоа ќе пратиме порака до граѓаните дека општина Василево бескомпромисно ќе се бори со сите оние кои сакаат да ја загадуваат животната средина.  Од овде сакам да апелирам, граѓаните во наредниот период после дислокацијата на депонијата, повеќе да не фрлаат отпад, овде, на ова место, бидејќи општина Василево согласно сите важечки законски прописи ќе преземе соодветни мерки и казни за оние кои нема да го почитуваат ова укажување“, рече во изјавата  градоначалникот Андонов, кој притоа ја потенцираше намерата на општина Василево дека континуирано ќе работи на полето на заштитата на животната средина на територијата на целата општина.

„Се надевам дека граѓаните ќе бидат совесни и одговорни и сите заедно ќе ја заштитиме животната средина. Од овде сакам да кажам дека општина Василео и понатаму  ќе опстои на овој пат, односно ќе работи на областа на заштита на животната средина и во другите населени места“, нагласи Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago