Connect with us

Радовиш

Одржана втората обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери

Avatar

Published

на

Одржана втората обука во Црвен крст- Радовиш за регрутирање на млади волонтери во која учествуваат 30 млади од општините Радовиш и Конче.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) која постои  повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери во Црвениот крст.

Во 2024 година, програмата ќе се се имплементира во 30 Општински организации на Црвениот крст со што  ќе бидат обучени 1.200 млади во државата на возраст до 13 до 17 години.

Целта на ПХВ програмата е младите да ја променат својата рутина и да научат како се изработуват мали проекти за помош во заедницата.

Да изработат еден интеркултурен проект каде што припадници од различни етнички групи ќе изработат некој културен настан. Целта е младите да научат за соживот за мир и разбирање помеѓу нив, да научат да помагаат онаму каде што е потребно посебно на ранливата категорија граѓани“, вели Герасим Димитров, десиминатор во Црвен крст Радовиш.

Избори 2024

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Avatar

Published

на

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше мешу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.


„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.


Прочитај повеќе

Радовиш

Милошоски од Радовиш:Валадата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш

Avatar

Published

на

На покана на Градоначалникот Ацо Ристов во посета на Радовиш беше членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошоски кој заедно со кандидатите за пратеници Моника Трајанова и Гоце Дединец имаа обиколка на инфраструктурните проекти кои се реализираат во општина Радовиш.

Во своето обраќање Милошоски истакна дека Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш, реконструкција на стоковната куќа и инфраструктурата ќе бидат во првите приоритети.

„ Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш. Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери. Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде.

Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.

Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин# – рече Антонио Милошоски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе