Connect with us

Македонија

Митрески ги распиша изборите за претседател на државата и за пратеници во Собранието

Avatar

Published

на

Претседателот на собранието Јован Митревски ги распиша претседателските избори за 24-ти април и осми мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски. Ова ќе бидат седми претседателски и 11-ти парламентарни избори.

„По потпишувањето на решенијата за распишување на претседателските и на парламентарните избори, согласно со роковите предвидени со Уставот, во изборниот период што претстои, очекувам сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти да дадат свој придонес за фер и демократски процес. На ниво какво што заслужува една демократска држава, членка на НАТО, која го оди патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Во последните изборни циклуси, покажавме дека имаме капацитет да организираме демократски избори, во согласност со европските вредности и принципи. Воспоставивме стандарди кои мора само да ги унапредуваме и надградуваме, но никако не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Гласањето на избори, односно можноста граѓаните преку гласачкото ливче да го искажат сопствениот став, е врвен чин на демократијата. Убеден сум дека и на овие избори граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат иднина каква што посакуваме и каква што нашата држава заслужува“, вели Митрески.

Избори 2024

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април, од вечерва молк

Avatar

Published

на

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите претседателски избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Утре ќе гласаат дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица: ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ!

Avatar

Published

на

Денес (21-ви април 2024 година) во хотелот Александар Палас во Скопје своите заложби и програми ќе ги претстават: претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на пратеничката листа за ИЕ1 проф. д-р Димитар Апасиев и кандидати за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2, Катерина Јовановска, Дарја Мустафаоглу и Дарко Ристовски.

„ На народниот собир, ќе ги афирмираме нашите цврсти позиции за положбата на македонскиот работник и враќањето на државната власт во рацете на обичниот народ!“ велат од Левица

Прочитај повеќе

Избори 2024

Д-р Венко Филипче: Плати и до 180 илјади денари во здравството

Avatar

Published

на

Д-р Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4, денеска имаше свое обраќање на големиот сенароден митинг што се одржа во Скопје.

Филипче истакна докторите се срцето на здравствениот систем, а СДСМ предвидува мерки со кои ќе ги задржи докторите дома и ќе ги стимулира оние што заминале да се вратат и својата работа да ја продолжат во Македонија.

„Платите на докторите специјалисти ќе достигнат до 180.000 денари, на општите доктори до 120.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000 денари“, рече Филипче.
Ова е визијата на СДСМ за европско здравство, дома во Македонија, додаде Филипче.

Тој најави победа во Изборната единица 4.

Прочитај повеќе