Радовиш
Рудникот Бучим на барање на жителите од село Тополница донира Автобуска постојка и уредување на центарот во селото
Објавено на
Од
Media PressРудникот Бучим на барање на жителите од село Тополница, а во соработка со Општина Радовиш, донира Автобуска постојка која е поставена во центарот на селото и уредување на просторот околу неа каде најчесто жителите се собираат и учениците чекаат превоз. Менаџерскиот тим на Бучим и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов при денешната посета на Тополница најавија решавање и на други барања, кои навидум мали но многу значајни за жителите.

Градоначалникот Ристов изрази благодарност до рудникот Бучим за оваа донација и рече дека во идниот период повеќе внимание ќе се посвети на ова населено место од кое досега се иселиле само две семејства.
За жителите на Тополница е значајна оваа донација бидејќи како што велат на ова место чекаат превоз секој ден околу 50 ученици и има потреба да бидат заштитени од невреме.
Поврзани содржини

Пријава за физички напад во село Тополница

Средба со жители од населеното место Тополница во Општина Радовиш

Глоба во висина од 40.000 евра ќе плати рудникот “БУЧИМ” од Радовиш

Револтирани тутунари го фрлаат тутунот во контењер

Во тек се градежни активности во село Тополница, се градат улици, се подобруват условите

Заврши традиционалниот турнир „Тополница-2019“
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

