Connect with us

Македонија

Апасиев: Левица во одбрана на граѓаните наспроти адвокатско -директорската мафија

Media Press

Објавено на

Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за Предлог-законот за изменување на Законот за нотаријат на вчерашната седница во Собрание рече:

„Немате осет за студентите, уште помалце ќе имате за адвокатите, бидејќи вашите најблиски партиски соработници се наполнија со пари преку овие закони коишто ги предлагаме да ги измениме…

Со овој закон се предлага да се стави крај на адвокатско – директорската мафија којашто функционира и во СДСМ, и во ДУИ и во ДПМНЕ. Имено, имате ваша мрежа на адвокати кои се наполнија со пари, не знам дали ви ги враќаат после на рака, меѓутоа луѓево се наполнија со пари…Имате адвокати коишто земаат милиони евра од јавни претпријатија, од дерење на граѓаните со платни налози, од задолжителни присуства на рочишта на платни налози и сл.

Во суштина, оваа измена е иницирана од Европскиот суд за човекови права, каде на 9 мај лани, во случајот „Китановска и Барбуловски против Македонија”, ние како држава го изгубивме случајот во Стразбур. Во што е суштината? На луѓето им бил оневозможен пристапот до правда, односно до судот, и е утврдена од Европскиот суд – повреда на членот 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права.

Измените се однесуваат на два пункта. Да нема задолжително застапување на адвокат (онака како што бара Стразбур), бидејќи тоа е оневозможување на право на приговор и жалба кој самиот граѓанин (кој има постулациона и деловна способност), може сам да си го поднесе без да бара правна помош. И самата суштина на Уставот да бараме правна помош е помош – ако тие побарам, ќе ми ја дадеш, а не задолжително да морам да имам адвокат во некои спорови.

И вториот се платните налози коишто се елементарен правен поднесок, кој е прост како леќа – да не го составуваат адвокати во иднина, туку тоа да го прават вработени правници во самите комунални претпријатија, вели Апасиев во својот говор пред пратениците.

Овој Предлог-закон на Левица беше одбиен од пратениците на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, додава Апасиев.

https://www.facebook.com/watch?v=3645111289094646

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе