Connect with us

Конче

Одбележан празникот Свети Трифун во Општина Конче

Avatar

Published

на

Денешниот голем празник за верниците од православна вероисповед и годинава беше одбележан во Општина Конче со традиционално организирање на свечен настан во организација на кумот Ацо Поцков, со обредно закројување и организирана прослава со музика во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче.

„Вечен и вековит нека е денешниот ден СВ. Трифун , заштитник на лозарите и земјоделците .. свечено одбележување во организација на Кумот Ацо Поцков…посакувам многу бериќет и успех на сите лозари и земјоделци“ вели градоначалникот Златко Ристов кој секогаш е дел од настанот и ги придружува лозарите во закројувањето.

Конче

Рудниците Бучим и Боров Дол како дел од акцијата Генералка викенд – 24, денеска ја исчистија околината на езерото Мантово

Avatar

Published

на

40 вработени од рудниците Боров Дол и Бучим заедно со раководството денеска активно беа вклучени во акцијата Генерелка викенд која се спроведе на територијата на Општина Конче. Како официјални партнери во овој проект тие денеска го исчистија целиот брег на езерото Мантово и покажаа и докажаа дека имаат непрекината волја да се создаде чиста животна средина за луѓето во Радовиш и Конче.

Од рудникот најавуваат дека ќе продолжат со вакви еко-акции со цел подигање на свеста кај населението и зачувување на животната средина.

Бучим и Боров Дол повторно се пример за целата држава за тоа како компаниите се однесуваат кон својата животна средина и со своите луѓе.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче

Avatar

Published

на

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче. Заедно со градоначалникот Златко Ристов присуствуваа на свечениот настан по повод новоизградениот дом на културата во село Лубница.

„Позитивна енергија од посетата на Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски , носител на ИЕ 4 .Народот си ја сака Државата во свои раце. Професор Гордана Сиљановска Дафкова е идниот Претседател на нашата таковина Република Македонија“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе