Македонија
Македонски Концепт: Предлог решение за употреба на патните исправи и барање одговорност
Објавено на
Од
Media Press
Во врска настанатата состојба со ограничување на основните човекови права и слободи на македонските граѓани, конкретно правото на слободно движење, а со цел да се спречат масовни тужби пред домашни и меѓународни судови против Република Македонија, правните експерти на Македонски Концепт предлагаат следно решение:
1. Воспоставување на специјален формулар / нота / која во слична форма како визите, ќе се вметне во македонските пасоши кои сеуште не го содржат терминот северна, а имаат временска важност, со кој ќе се продолжи нивната важност за одреден временски период, до целосна нивна замена, согласно техничките можности на државата. Со тоа ќе се овозможи слободно движење на македонските граѓани и ќе се превенира основот за тужби против Републиката.
2. Индивидуализација на одговорноста во МВР, за лицата Оливер Спасовски (министер) и Магдалена Несторовска (државен секретар) затоа што во изминатите 5 години и покрај јасните одредби на Преспанскиот договор и Уставот на РМ со кои биле запознати, свесно нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и овозможиле изработка и издавање на лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година, со што ги довеле во заблуда граѓаните кои ги поседуваат тие документи, направиле огромна материјална штета по Буџетот на Републиката и ја злоупотребиле службената положба и овластување. Да се провери, дали истото го сториле од корупциски мотиви – земање мито од изработувачот на обрасците, по претходно криминално склучени договори.
3. Македонски Концепт го реафирмира ставот дека, согласно одредбите на Преспанскиот договор: „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.“ и согласно ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20 „Првата страна ќе ја применуваа оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти. Слично, Втората страна ќе ја применува оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство.“ Република Македонија НЕМА НИКАКВА ОБВРСКА за користење на терминот „северна“ за внатрешна употреба до започнување на официјални пристапни преговори со ЕУ, односно 5 години после отварање на конкретни поглавја / кластери од тие преговори – стои во соопштението од ПП Македоснки Концепт.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

