Connect with us

Василево

Советот на општина Василево ја одржа 35-та седница

Avatar

Published

на

Советот на општина Василево ја одржа 35-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно 10 точки и сите го добија потребното мнозинство, односно беа усвоени од членовите на општинскиот Совет.

Советниците беа усогласени и едногласно ги усвоија трите предлог одлуки за финансиско учество односно ко-финасирање од страна на општина Василево на проекти за чија реализација општината има поднесено апликации до Министерствата.

Со 26%, односно 780 000 денари од проценетата вредност, општината би учествувала во реализацијата на проектот: Основен проект за филтер станица за прочистување на вода за пиење за селските населби: Добрашинци, Нова маала, и Чанаклија, аплициран преку Програмата за управување со води за 2024 година на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со 20% односно 1 556 386 денари од вкупната проценета вредност, општина Василево би учествувала во реализацијата на проектот: Реконструкција на улица во с. Василево од мал парк „Методиј Митев“ до клучка за с. Пиперево. Апликацијата за овој проект е доставена до Министерството за локална самоуправа, Програма за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2024 година.

Со 21% од проценетата вредност, односно 1 115 179 денари, општина Василево би учествувала во реализацијата на проектот, Основен проект за фекален канализационен систем за с. Василево, за колектори К8, К7 и К10, кој е аплициран преку Програмата за инвестирање во животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Советниците беа едногласни и при усвојувањето на Извештајот за реализацијата  на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2023 година, која како дополнителна точка  беше ставена на дневниот ред на 35-та Седница.

Усвоена беше и Одлуката за ажурирање на Процената  на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици и опасности за 2024 година, а согласност  доби и Измената  на Годишниот  план за вработување за 2024 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.

Советниците позитивно одговорија и на неколкуте Барања за финансиски средства поднесени до Советот на општина Василево од правни и физички лица.

Василево

Со закројување лозје, градоначалникот Андонов, го одбележа Св. Трифун

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, денес, по повод празникот Свети Трифун, познат како ден на лозарите, присуствуваше на закројување на лозје на лозовите насади на АД „Струмичко поле“, Василево. Информацијата од настанот ја сподели на својот на ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24

„По повод Христијанскиот празник Св. Трифун тадиционално денес присуствував на закројување лозје на површините на АД „Струмичко Поле“ Василево.  Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести. Нека биде плодна годината, со богат род, убаво грозје и преубаво Македонско вино. За многу години денот“, напиша градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Втора фаза од асфалтирањето на локалниот пат кон село Добрашинци

Avatar

Published

на

Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели информацијата за асфалтирањето на втората фаза од локалниот пат што води кон село Добрашинци и притоа најави дека  целосното асфалтирање ќе биде завршено во наредните денови.

„Денес се асфалтираше втората фаза од локалниот пат на потегот од крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на с. Добрашинци во должина од 1,3 километари. Очекуваме наредните денови да заврши целосното асфалтирање на овој патен правец. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од населените места Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала и Чанаклија. Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за поубаво Василево“, напиша градоначалникот Андонов.

Изградбата,односно целосната реконструкција на овој локален пат започна пред неполни три месеци, односно на крајот од месец октомври, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=14771,  a  реализицајаta, според динамиката со која се одвиваат активностите на терен, се очекува да биде наредните денови.

Вкупната должина изнесува 1320 метри, ширината e околу 6 метри а вкупниот Буџет за негова реализцаија е околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Прочитај повеќе

Василево

Прв пат по 50 години се асфалтира патот кон село Добрашинци

Avatar

Published

на

Во четвртокот на 18 јануари, започна да се асфалтира локалниот пат што води кон населеното место Добрашинци, на потегот од  крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на с. Добрашинци.  Со оглед на фактичката состојба на тертенот пред започнување на активностите и техничката документација, овде се работи за целосна реконструкција која опфаќаше отстранување на стариот, оштетен асфалт, насипување, рамнење, тампонирање, одводнување и како финална активност, денешното асфалтирање.

Должината изнесува 1320 метри, ширината 6 метри а дебелината на асфалтниот слој, 8 см.

Буџетот за реализација на овој проект изнесува околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

На лице место денес беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, каде заедно со присутните граѓани на Добрашинци го сподели задоволството од  реализацијата на овој патен правец, кој е неопходен  не само за жителите на Добрашинци , туку и за соседните  Висока Маала, Нова Маала и Чанаклија, чии жители се секојдневни корисници на овој локален пат.

Прочитај повеќе