Connect with us

Македонија

Православните верници утре ќе го одбележат големиот христијански празник -Светиот маченик Трифун, чудотворец со исцелителна моќ и заштитник на лозарите

Avatar

Published

на

Православните верници утре ќе го одбележат големиот христијански празник -Светиот маченик Трифун,  кој бил чудотворец со ицелителна моќ.  Свети Tрифун посебно го слават лозарите и овоштарите и го одбележуваат со закројување. Последните години на овој ден се слави и Свети Валентин, католички празник кој се рашири посебно меѓу помладите.

Според православнта црква православните верници треба да го слават Свети Трифун, а  Свети Валентин е римокатолички празник и нема потреба да се празнува, доколку се почитува православната вера.

 Свети Трифун бил со голема благодад, и за врме на неговиот живот помагал на луѓето и ги лекувал и воопшти не бил пијаница, како што се верува меѓу народот.

Св. Трифун е роден околу 225 година, во селото Комсада, во римската провинција Фригија, во Мала Азија. Родителите му биле христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера. Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда коишто ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот цар Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многупати сакала да се фрли во оган или во вода. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години.

Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во Фригија, го нашле момчето покрај езеро како чува гуски. Затоа, тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во Рим и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на сиромашните, и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните, во 249 година на власт дошол крволочниот цар Дециј Трајан, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.
Светиот маченик не сакал да бега во пустината и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во Никеја, по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за еден коњ и така вржан бос да го поведат во планината. Од силниот мраз и студ почнале да му отпаѓаат меса и прстите од нозете, но тој тоа го трпел без збор и, наместо протест, од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“.

Најпосле, на денот кога требало да биде погубен, св. Трифун ја предал душата пред џелатот да го стави мечот на неговиот врат. Тоа се случило на 14 февруари 250 година. Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва, во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.

Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква неговиот ден го чествува на 14 февруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Македонија

СЕ БАРА МЕСТО ПЛУС ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР, успешна прва зимска сезона

Avatar

Published

на

Успешна прва зимска сезона во апарт хотелот на Адора 21st Century Zlatibor

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“. Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com , големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор.“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани. Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот. Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.          

https://21zlatibor.rs/ponuda-na-posledni-apartmani/ – ако сакате, ставете го линкот на последните  болдирани зборови, кој со клик води на веб страницата на објектот )

Прочитај повеќе

Македонија

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува на 28 февруари, според роковникот кој го објави ДИК

Avatar

Published

на

По распишувањето на претседателските и на парламентарните избори, согласно со роковите предвидени со Уставот, Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за претседател ДИК ќе ја одржи најдоцна на најдоцна на 28 март.

Изборната кампања за парламентарните избори, пак, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Прочитај повеќе

Македонија

Министерството за внатрешни работи информира како да проверите дали вашиот нов пасош е изготвен

Avatar

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник (19.02.2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

-Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов. Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега, велат од МВР.

Прочитај повеќе