Connect with us

Македонија

Македонски Концепт: Предлог решение за употреба на патните исправи и барање одговорност

Avatar

Published

на

Во врска настанатата состојба со ограничување на основните човекови права и слободи на македонските граѓани, конкретно правото на слободно движење, а со цел да се спречат масовни тужби пред домашни и меѓународни судови против Република Македонија, правните експерти на Македонски Концепт предлагаат следно решение:

1.     Воспоставување на специјален формулар / нота / која во слична форма како визите, ќе се вметне во македонските пасоши кои сеуште не го содржат терминот северна, а имаат временска важност, со кој ќе се продолжи нивната важност за одреден временски период, до целосна нивна замена, согласно техничките можности на државата. Со тоа ќе се овозможи слободно движење на македонските граѓани и ќе се превенира основот за тужби против Републиката.

2.     Индивидуализација на одговорноста во МВР, за лицата Оливер Спасовски (министер) и Магдалена Несторовска (државен секретар) затоа што во изминатите 5 години и покрај јасните одредби на Преспанскиот договор и Уставот на РМ со кои биле запознати, свесно нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и овозможиле изработка и издавање на лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година, со што ги довеле во заблуда граѓаните кои ги поседуваат тие документи, направиле огромна материјална штета по Буџетот на Републиката и ја злоупотребиле службената положба и овластување. Да се провери, дали истото го сториле од корупциски мотиви – земање мито од изработувачот на обрасците, по претходно криминално склучени договори.

3.     Македонски Концепт го реафирмира ставот дека, согласно одредбите на Преспанскиот договор: „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.“ и согласно ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20 „Првата страна ќе ја применуваа оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти. Слично, Втората страна ќе ја применува оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство.“ Република Македонија НЕМА НИКАКВА ОБВРСКА за користење на терминот „северна“ за внатрешна употреба до започнување на официјални пристапни преговори со ЕУ, односно 5 години после отварање на конкретни поглавја / кластери од тие преговори – стои во соопштението од ПП Македоснки Концепт.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

8 кандидати во трка за претседател на државата, Пендаровски од СДСМ, Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе ги одмерат силите

Avatar

Published

на

Пендаровски од СДСМ Силјановска  Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе бидат во трка за претседател на државата, сега придружувани уште од 6 кандидати од останатите политички партии.                                                                             

Полека но сигурно се комплетира списокот на кандидатите за претседател на претстојните избори.

Актурлениот претседател Стево Пендаровски повторно ќе биде кандидат за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата.  

Од ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека кандидат ќе биде Гордана Силјановска Давкова, за која вчера попладне од партијата информираа дека се пријавила на Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ при што поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети. Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство.

Засега во јавноста се познати и кандидатурите  на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица, Вело Марковски како независен кандидат и Стевче Јакимовски, кандидат од ГРОМ и актуелен градоначалник на Општина Карпош .

Од ЗНАМ – За наша Македонија се очекува допрва да донесат одлука, а ќе се бира меѓу кандидатите Максим Димитриевски или Венко Андоновски.

Прочитај повеќе

Македонија

СЕ БАРА МЕСТО ПЛУС ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР, успешна прва зимска сезона

Avatar

Published

на

Успешна прва зимска сезона во апарт хотелот на Адора 21st Century Zlatibor

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“. Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com , големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор.“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани. Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот. Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.          

https://21zlatibor.rs/ponuda-na-posledni-apartmani/ – ако сакате, ставете го линкот на последните  болдирани зборови, кој со клик води на веб страницата на објектот )

Прочитај повеќе

Македонија

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува на 28 февруари, според роковникот кој го објави ДИК

Avatar

Published

на

По распишувањето на претседателските и на парламентарните избори, согласно со роковите предвидени со Уставот, Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за претседател ДИК ќе ја одржи најдоцна на најдоцна на 28 март.

Изборната кампања за парламентарните избори, пак, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Прочитај повеќе