Connect with us

Радовиш

Донесена одлука за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/2023 год

Avatar

Published

на

Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, Измена на Правилник за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1884/1 од 26.12.2023 год., распишаниот јавен конкурс бр.09-76/1 од 16.01.2024 год. и записник бр. 09-76/2 од 08.02.2024 год. со ранг-листа, доставен од Комисијата за доделување стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/23 год., Градоначалникот на општина Радовиш донесува,

О Д Л У К А

за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/2023 год.

Член 1

Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии за учебната 2022/2023 година, на следните ученици од основното образование :

VI одделение

  1. Бојана Бибовска, ООУ Никола Карев ……………. освоени 68 бодови
  2. Столе Јанковски, ООУ Никола Карев ……………. освоени 64 бодови
  3. Марија Јованова, ООУ Никола Карев ……………. oсвоени 62 бодови
  4. Елена Митева, ООУ Никола Карев ……….……… oсвоени 57 бодови

VII одделение

  1. Илија Чурулинов, ООУ Никола Карев ……………. освоени 79 бодови
  2. Ива Ѓоргиева, ООУ Крсте П.Мисирков ………….. oсвоени 79 бодови
  3. Анастасија Илиева, ООУ Коста Рацин ………….. oсвоени 74 бодови
  4. Славица Трајанова, ООУ Крсте П.Мисирков …. oсвоени 73 бодови

VIII одделение

  1. Борис Василев, ООУ Никола Карев ……………… освоени 106 бодови
  2. Невена Јованова, ООУ Никола Карев ……….… oсвоени 89 бодови
  3. Филип Коцев, ООУ Крсте П.Мисирков ………….. освоени 76 бодови
  4. Габриела Вучкова, ООУ Крсте П.Мисирков ….. oсвоени 76 бодови

IX одделение

  1. Јана Јованова, ООУ Крсте П.Мисирков…………. освоени 89 бодови
  2. Деспина Гинова, ООУ Никола Карев ……………….. освоени 86 бодови
  3. Теодор Ефтимов, ООУ Крсте П.Мисирков……….. освоени 78 бодови
  4. Елена Петрушева, ООУ Крсте П.Мисирков …..… oсвоени 77 бодови

Член 2

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Член 3

Општина Радовиш доделува 8 (осум) стипендии за учебната 2022/2023 година на следните ученици запишани во I-ва година во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :

-Од ООУ „Никола Карев“

  1. Анастасија Р’жева ……………….. освоени 70 бодови
  2. Спасија Лукарова ………………… освоени 69 бодови

-ООУ „Крсте П.Мисирков“

  1. Вероника Костадинова ………… освоени 82 бодови
  2. Никола Стојанов ………………….. освоени 80 бодови

-ООУ „Орце Николов“

  1. Ана Ѓоргиевска ……………………. освоени 71 бодови
  2. Мартина Стојанова ………………. освоени 63 бодови

-ООУ „Коста Рацин“

  1. Ненад Крстев ……………………….. освоени 63 бодови

-ООУ „Кирил и Методиј“

  1. Росица Тасева ……………………… освоени 71 бодови

Општина Радовиш доделува 3 (три) стипендии за учебната 2022/2023 година на следните ученици во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :

II-ра година

Тамара Чабукова ……………………. освоени 70 бодови

III-та година

Матеа Димитриева …………………. освоени 67 бодови

IV-та година

Михаела Тадирова …………………. освоени 68 бодови

Член 4

Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Член 5

Општина Радовиш доделува 8 (осум) стипендии – по основ на социјален карактер, за учебната 2022/2023 година, на следните ученици од основно и средно образование:

  1. Верица Поцева, IV год. – СОУ Коста Сусинов
  2. Офелија Јованова, VII одд. – ООУ Кирил и Методиј, Ораовица
  3. Илкнур Зуберова, IX одд. – ООУ Kрсте П.Мисирков
  4. Mите Митев, I год. – СОУ Коста Сусинов
  5. Драгана Јованова, IX одд. – ООУ Kрсте П.Мисирков
  6. Мартин Урумов, IX одд. – ООУ Kрсте П.Мисирков
  7. Славче Васев, VII одд. – ООУ Kоста Рацин, Подареш
  8. Стефани Ристова, VII одд. – ООУ Никола Карев

Член 6

Висината на стипендиите по основ на социјален карактер 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Член 7

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.

Радовиш

Одржана втората обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери

Avatar

Published

на

Одржана втората обука во Црвен крст- Радовиш за регрутирање на млади волонтери во која учествуваат 30 млади од општините Радовиш и Конче.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) која постои  повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери во Црвениот крст.

Во 2024 година, програмата ќе се се имплементира во 30 Општински организации на Црвениот крст со што  ќе бидат обучени 1.200 млади во државата на возраст до 13 до 17 години.

Целта на ПХВ програмата е младите да ја променат својата рутина и да научат како се изработуват мали проекти за помош во заедницата.

Да изработат еден интеркултурен проект каде што припадници од различни етнички групи ќе изработат некој културен настан. Целта е младите да научат за соживот за мир и разбирање помеѓу нив, да научат да помагаат онаму каде што е потребно посебно на ранливата категорија граѓани“, вели Герасим Димитров, десиминатор во Црвен крст Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во Радовиш одржана Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата

Avatar

Published

на

По повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, Општината Радовиш во соработка со ООУ ,,Крсте Петков Мисирков”- Радовиш, организира Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата, а училиштето најдобра ковачница на тој литературен јазик, која се одржа денеска во Музеј на љубовта и уметноста.

Учесници на трибината беа проф. д-р Снежана Петрова Џамбазова од ИМЈ ” Крсте Мисирков’ кој што го носи името на првиот кодификатор и втемелувач на основните јазични црти на Македонскиот стандарден јазик, и проф л-р Раско Лозановски кој наведе неколку примери на погрешно употребени зборови посебно во образованието.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во ресторан „Маг Марг“ во Радовиш

Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2023 година.

Марко Ананиев од БК Бучим – Радовиш, доби признание за најперспективен спортист – пионер, Глорија Тодоровска – УСК Никола Карев, доби признание за спортистка на годината – кадети, Борис Колев – Муаи Таи Клуб Комбат, спортист на годината – кадет, Миахило Илиев – БК Бучим – Радовиш, доби признание за спортист на годината – јуниори, Александар Јермазов доби плакета за спортист на годината – сениори.

Посебни спортски достигнување им беа доделени на Славче Јанев од ФК Детонит Плачковица, Васе Спасов од БК Бучим – Радовиш за спортски работник за 2023 година, Ристо Спасов – БК Бучим од Радовиш за спортски тренер на годината, Живко Андонов – УСК Никола Карев за спортски работник за повеќегодишна работа, ЖФК Плачковица за женска екипа на годината.

Фудбалски клуб Детонит Плачковица за спортска екипа на годината, Александар Јермазов – бодибилдинг признание за спортист на годината во категорија сениори, а признанија добија и Изабела Зајкова, како и Одбојкарската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе