Connect with us

Македонија

Апасиев: Ние носиме некои измени на закони и подзаконски акти врз основа на непостоечки закони, врз основа на тоалетна хартија

Avatar

Published

на

Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев околу продолжување на рокот за важноста на документите со Република Македонија од говорница во Собранието рече дека поранешниот министер Спасовски треба кривично да одговара – НОСИМЕ ЗАКОНИ НА ОСНОВА НА ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА Т.Н. ,,ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР”, рече Апасиев.

,,Тука станува збор за еден изнуден закон којшто реалноста ни го изнуди, но за којшто сметам дека не го дава она што го сакаме како конечно решение – бидејќи ниту власта, ниту најголемата опозициска партија не изнедрија системско решение за овој проблем. Имено, продолжувањето на рокот од февруари до декември не го решава прашањето. Впрочем, слушајте ми го зборот, во декември и ваков закон ќе треба да носиме повторно, затоа што нема да го решите проблемот. Решение на овој проблем е бришење на членот 5 од Законот за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно за возачките дозволи. Ние носиме некои измени на закони и подзаконски акти врз основа на непостоечки закони, врз основа на тоалетна хартија”, додаде Апасиев во својот говор.

Преземено од: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Македонија

СЕ БАРА МЕСТО ПЛУС ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР, успешна прва зимска сезона

Avatar

Published

на

Успешна прва зимска сезона во апарт хотелот на Адора 21st Century Zlatibor

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“. Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com , големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор.“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани. Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот. Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.          

https://21zlatibor.rs/ponuda-na-posledni-apartmani/ – ако сакате, ставете го линкот на последните  болдирани зборови, кој со клик води на веб страницата на објектот )

Прочитај повеќе

Македонија

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува на 28 февруари, според роковникот кој го објави ДИК

Avatar

Published

на

По распишувањето на претседателските и на парламентарните избори, согласно со роковите предвидени со Уставот, Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за претседател ДИК ќе ја одржи најдоцна на најдоцна на 28 март.

Изборната кампања за парламентарните избори, пак, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Прочитај повеќе

Македонија

Министерството за внатрешни работи информира како да проверите дали вашиот нов пасош е изготвен

Avatar

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник (19.02.2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

-Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов. Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега, велат од МВР.

Прочитај повеќе