Connect with us

Македонија

Последен ден пред истекот на рокот за промена на личните документи, гужви пред ПС во Радовиш

Avatar

Published

на

Граѓаните чекајќи нешто да се промени во законот и надевајќи се дека можеби државата ќе се смилува и нема да морат да ги менуваат важечките патни исправи, ги чекаа последните денови пред истекот на рокот за да ги променат докуметите. Денеска во и пред Полициската станица во Радовиш чекаа голем број граѓани да дојдат на ред за да се сликаат за нови документи.

Политичките партии и власта и опозицијата и тие го чекаа последниот ден за да поднесат предлози за законски измени.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција пред Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.

Министерот Тошковски нагласи дека нема доволен број на обрасци за пасоши и возачки дозволи за да се задоволат потребите на граѓаните.

Заклучно со Законот за патни исправи којшто е важечки, од 13.02.2024 година или од понеделник спрема вторник 00 часот, патните исправи коишто се со старото име нема да важат. Согласно законот за безбедност во сообраќајот, од 13.02.2024 година возачките дозволи коишто се со старото име повеќе нема да важат, ниту за внатрешна, ниту за надворешна употреба. Македонските граѓани пак коишто имаат двојно државјанство, истите ќе можат да патуваат и да прават влез и излез од Република Македонија.

Граѓаните коишто имаат лична карта со старото име нема да бидат спречени од страна на полициските службеници и ќе им биде дозволено да излезат од границите на Република Македонија спрема оние држави со кои имаме билатерален договор, вели министерот Тошковски.

И СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси, соопшти денеска владеачката партија, откако МВР соопшти дека од утре нема да важат овие документи ниту за внатрешна употреба доколку не се обновени со новото уставно име.

„Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.

Македонија

Ванковска се поблиску до потребните потписи за кандидат за претседател, Јакимовски веднаш понеа

Avatar

Published

на

Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица се поблиску до собирање на потребните 10.000 потписи. До вчеравечер собрала 9.085 потписи потребни за официјализирање на претседателската кандидатура. Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, пак, собрал 7.994 потписи, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Доколку ги соберат потребнитњ потписи тие че влезат во трката за претседател заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи и Арбен Таравари кои претходно ги собраа потребните потписи.

Прочитај повеќе

Македонија

Градоначалникот Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој, која се одржа во Владата, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија која опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на Македонија во следните две децении.

Одлука за формирање на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија е донесена на седница на Владата и Решение за именување на членови на Националниот совет за развој во кој членува и Градоначалникот Ристов.

„Националната развојна стратегија, ја отсликува инклузивноста на нашата држава. Овој процес се подготвуваше скоро три години, при што учествуваа околу 14 000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1000 млади и членови на младински организации“, вели Ристов во однос Националната развојна стратегија.

Прочитај повеќе

Македонија

Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

Дик ги објави последните податоци и според нив Максим Димитриевски собрал 10.700 потписи.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура како и кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари. 

Според последните податоци Бујар Османи собрал 11.028 потписи а Таравари 10.083.

За нив трката за претседател може да почне за останатите кандидати се уште собираат потписи.

Билјана Ванковска досега има собрано 7.876 потписи и Стевчо Јакимовски 6.676.

Прочитај повеќе