Connect with us

Радовиш

Корисниците на ДЦ Порака од Радовиш и годинава го прославија роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов

Avatar

Published

на

Корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш и годинава го  прославија роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов со ручек во ресторан Амбасадор во Радовиш. Традицијата која трае веќе 16 години продолжува. Од дневниот центар Порака со нетрпение го очекуваат овој ден и се радосни што се повторно заедно, но и возвратија со подарок специјално подготвен за Николајчо и  неговата сопруга. Дрво во вид на срце со испишани имиња на сите корисници во дневниот центар, беше подарокот изработен со многу љубов и внимание.  

Николов вели дека се радува што и годинава ќе го прослави својот роденден со корисниците од дневниот центар Порака. Тој се интересираше и за нивнита активности кои ги подготвуваат во последниот период како што е нова театарска претстава за која рече дека ќе ја гледа кога ќе биде одржана.

„Ние сме веќе пријатели, едно семејство и неможеме да го прославиме роденденот на Николајчо без корисниците од Порака“, вели неговата сопруга Биле која додаде дека подарокот ќе биде сместен во спомен собата на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица.   

Традицијата започна уште кога Николајчо Николов беше заменик генерален директор на Рудникот Бучим. Иако е веќе во пензија, Николов сепак не ги заборава своите пријатели од Порака. Тој и годинава и подари паричка за тие да си купат што сакаат и да се сеќаваат на неговиот родеден. Радоста на нивните лица казува најмногу колку овој гест им значи и колку го почитуваат Николајчо. Среќни што денеска се излезени во ресторан на ручек и годинава му подарија честитка на својот пријател, изработена на обичен лист хартија но со многу љубов посакувајќи му долг и среќен живот.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Приведено лице од радовишко, осуден на казна затвор од осум години и два месеци

Avatar

Published

на

Во 06.00 во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата. А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Радовиш

Маратон за Сандра, хумана активност на Црвен крст -Радовиш

Avatar

Published

на

Општинската организација на Црвен крст од Радовиш организира хуманитарен настан Маратон за Сандра, за собирање на средства со кој ќе им се помогне за лекување на младата мајка, по потекло од Радовиш.

Маратонот ќе се одржи на 16 март, сабота, со почеток во 9:30 часот, почнувајќи од пред спортската сала „25 Мај“ по булеварот Александар Македоснки.

Билет за учество 200 денари кои средства ќе одат во хуманитарни цели за лекување на Сандра.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана седница на Советот за превенција на детско престапништво во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот Совет за превенција на детското престапништво од Општина Радовиш ја одржа својата 5 седница. На седницата покрај членовите на Советот присутни беа и Стручните соработници од Основните училишта и од средното училиште во општина Радовиш.

Прочитај повеќе