Connect with us

Радовиш

JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш во областа на социјалната, детска и здравствена заштита во 2024

Avatar

Published

на

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02), а согласно донесената годишна Програма за активности на општина Радовиш во областа на социјалната, детска и здравствена заштита во 2024 бр.08-1815/2 од 18.12.2023, год. општина Радовиш на ден 06.02.2024 год. објавува :

JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2024 год.

  1. Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита во општина Радовиш за 2024 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

-пријава по јавен повик

-годишна програма за работа и финансиски план за 2024 год.;

-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2023 год.;

-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);

-потврда за отворена и активна жиро сметка.

  • Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 13.02.2024 год.
  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен конкурс бр.

Радовиш

42 – годишно лице од радовишко извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга

Avatar

Published

на

„На 10.06.2024 во 17.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Н.(42) од радовишко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.

Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.

Прочитај повеќе

Радовиш

Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир

Avatar

Published

на

Физичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.

На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе