Connect with us

Македонија

Поради големиот број на апликации Министерството за економија гo затвара огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата

Avatar

Published

на

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори  Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година. Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во  Архивата на Министерството за економија и по пошта),  за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000  домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства.

За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно  Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици.

Согласно Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024,  ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство,беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќжинствата во останатата територија на Република Северна Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Се намалува цената на дизел горивото за два денари

Avatar

Published

на

За два денари се намалува цената на дизел горивото од полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад

Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 -83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 -85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска започнува собирањето на потписи за кандидати за претседател и пратеници

Avatar

Published

на

Од денеска 23 февруари започнува собирањето на потписи за листи на кандидат за Претседател и ќе трае до 8 март. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

До сега, до Државната изборна комисија се поднесени вкупно осум Изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател.

За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат секој ден во наведениот период,  непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.

Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово ја доби поддршката за кандидатурата за претседател синоќа на првиот конгрес на партијата. Доколку биде избран за шеф на државата, Димитриевски рече дека ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

ДУИ го предложија министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно од СДСМ објавија дека нивен кандидат ќе биде актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ ја предлага професорката Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски е кандидат на ГРОМ, партијата што ја предводи, професорката Билјана Ванковска на Левица, Арбен Таравари на албанската опозициска коалиција ВРЕДИ. Својата независна кандатура за претседател во октомври, лани, прв ја најави Вело Марковски.

Кандидатурата на Силјановска-Давкова допрва треба да се најде на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по што треба да се достави до ДИК. Во рекорден рок нејзините колеги и колешки ги собрале потребните 30 потписи, без нејзино знаење.

„Имам намера да собирам и 10 илјади потписи, бидејќи мислам дека траба рамноправна да бидам со сите други и се разбира, да повикувам повторно од оние кои не се во политиката или не се идеолошки и партиски определени“, изјави Силјановска-Давкова.

Раководството на СДСМ одлучи актулниот шеф на државата Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. За одлуката деновите треба да се изјаснат Извршниот и Централниот одбор на партијата, а промотивната конвенција е планирана за 3 – ти март.

Собирањето потписи ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Постапката што почнува денеска трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени, од 8 до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Прочитај повеќе