Connect with us

Конче

Општина Конче започна со уредување на полските патишта

Avatar

Published

на

Уредувањето на полските патишта е приоритет пред излегување на земјоделците на земјоделските површини со нивни активности, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

„Овие денови со механизацијата на ЈП Лакавица вршиме планирање и уредување на полските патишта во с.Дедино со опфат на пристапот до манастирски комплекси во близина на селото.Уредувањето на просторот пред црква Св.Никола , с.Дедино ни претставува приоритет со започнување уредување на локацијата под гробиштата паралелно со регионалниот пат Конче-Радовиш. Со овој зафат се врши регулација на речниот канал , со уредување на просторот на кој во иднина ќе извршиме облагородување на животната средина и создавање на уредено катче за одмор на секој граѓанин и посетител“, вели градоначалникот Ристов во својата објава.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Одбележан празникот Свети Трифун во Општина Конче

Avatar

Published

на

Денешниот голем празник за верниците од православна вероисповед и годинава беше одбележан во Општина Конче со традиционално организирање на свечен настан во организација на кумот Ацо Поцков, со обредно закројување и организирана прослава со музика во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче.

„Вечен и вековит нека е денешниот ден СВ. Трифун , заштитник на лозарите и земјоделците .. свечено одбележување во организација на Кумот Ацо Поцков…посакувам многу бериќет и успех на сите лозари и земјоделци“ вели градоначалникот Златко Ристов кој секогаш е дел од настанот и ги придружува лозарите во закројувањето.

Прочитај повеќе

Конче

Денеска, крводарителска акција во просториите на Општина Конче

Avatar

Published

на

Во организацијата на ОО на Црвен крст – Радовиш, денеска 23.01.2024 год (вторник) од 10:00 до 14:00 часот ке се реализира крводарителска акција, во просториите на Општина Конче. Сите заинтересирани хумани граѓани можат да даруваат крв во предвидениот период.

Прочитај повеќе

Конче

СООПШТЕНИЕ до сите Верници во Општина Конче

Avatar

Published

на

Ни предстои празникот ,,БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ,, во оваа ново лето Господово по втор пат во Општина Конче се организира на централно ниво положување (фрлање) на чесниот Крст во водите на реката Лакаавица.

Фрлањето на Чесниот Крст Господов ќе биде во 12 часот на 19.01.2024 год. ден Петок. Право на учество имаат сите заинтересирани од населените места во општина Конче и тоа: Конче, Лубница, Габревци, Дедино, Ракитец, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ. Пријавените за учество имаат обврска да пополнат изјава за доброволно учество, а за учесниците под 18 години мора да има изјава и родителска согласност. За сите кои ќе влезат во водата по чесниот крст има обезбеден скромен поклон, за оној кој ќе го извади чесниот крст од водата следува награда“, стои во соопштението од Ињевско-конечка парохија.

Покровител на организацијата е Општина Конче, Градодачалникот на Општина Конче, Советот на Општина Конче.

„По извршувањето на чинот сите присутни може да ни се приклучат на хуманитарната празнична дружба на која ќе се послужи топол чај и топла ракија и печен колбас, а соберените парични средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели за лица на кои им е потребна помош во Општина Конче.Бог се Јави, честит и вековит празникот и празнувањето“ се додава во соопштението.

И градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, ги повикува граѓаните да ја проследат централната манифестација која се организира по втор пат.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , со големо задоволство Ве покануваме сите заедно по втор пат да ја проследиме централната манифестација Богојавление-Водокрст Општина Конче 2024. Голем број на изненадувања за учесниците и за среќниот подигач на светиот крст ваучер во вредност од 30 000 денари…“ стои во соопштението.

Лица за пријавување на учесниците !

070844053 -Спасо

070359907 -Горан

078516373 – Јане

071259197 -Ѓоше

Прочитај повеќе