Connect with us

Македонија

Православните верници го слават свети Атанасиј Велики или Атанасовден

Avatar

Published

на

Православните верници денеска го слават свети Атанасиј Велики или Атанасовден, празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики.

Нашиот народ го празнува двапати во годината споменот на Свети Атанасиј. На 31 јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете ереси: аријанството и несторијанството.

Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Во младоста стекнал солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележал архиепископот Александар, па кога потпораснал го зел за свој личен секретар. Кога Александар се упокоил на александриската катедра бил избран Атанасиј. Свети Атанасиј неколку пати бил прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќал на катедрата. Крајот на животот сепак го поминал во својата црква во Александрија. Се упокоил во 373 година.

Празникот народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви. Се празнува и на 15 мај, ден на упокојувањето на светителот, празник познат како Атанасовден-летен. Особен култот кон празнуваењето на Свети Атанасиј во зима е раширен во повеќето села во Скопско, додека празнувањето на летниот Атанасовден, во повеќето села во Радовишко (Ораовица, Сулдурци, Дедино).

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Ванковска се поблиску до потребните потписи за кандидат за претседател, Јакимовски веднаш понеа

Avatar

Published

на

Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица се поблиску до собирање на потребните 10.000 потписи. До вчеравечер собрала 9.085 потписи потребни за официјализирање на претседателската кандидатура. Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, пак, собрал 7.994 потписи, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Доколку ги соберат потребнитњ потписи тие че влезат во трката за претседател заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи и Арбен Таравари кои претходно ги собраа потребните потписи.

Прочитај повеќе

Македонија

Градоначалникот Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој, која се одржа во Владата, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија која опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на Македонија во следните две децении.

Одлука за формирање на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија е донесена на седница на Владата и Решение за именување на членови на Националниот совет за развој во кој членува и Градоначалникот Ристов.

„Националната развојна стратегија, ја отсликува инклузивноста на нашата држава. Овој процес се подготвуваше скоро три години, при што учествуваа околу 14 000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1000 млади и членови на младински организации“, вели Ристов во однос Националната развојна стратегија.

Прочитај повеќе

Македонија

Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

Дик ги објави последните податоци и според нив Максим Димитриевски собрал 10.700 потписи.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура како и кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари. 

Според последните податоци Бујар Османи собрал 11.028 потписи а Таравари 10.083.

За нив трката за претседател може да почне за останатите кандидати се уште собираат потписи.

Билјана Ванковска досега има собрано 7.876 потписи и Стевчо Јакимовски 6.676.

Прочитај повеќе