Connect with us

Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш во второто полугодие ќе биде домаќин на образовното рандеву МАСУМ

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш во второто полугодие ќе биде домаќин на образовното рандеву МАСУМ, настан на кој ќе присуствуваат ученици од 35 средни училишта од целата држава.

Според директорот на училиштето Миле Арсов тие уште сега се подготвуваат за да бидат што подобри домаќини на овој настан. Инаку според Арсов учениците во првото полугодие постигнале добар успех над 3.

Во овој период е објавен и јавниот конкурс за добивање на општински стипендии од Општина Радовиш, годинава со мали измени со кои се доделуваат  уште 10 дополнителни стипендии за ученици кои ќе се запишат во средното училиште.  

Радовиш

Во Радовиш одржана Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата

Avatar

Published

на

По повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, Општината Радовиш во соработка со ООУ ,,Крсте Петков Мисирков”- Радовиш, организира Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата, а училиштето најдобра ковачница на тој литературен јазик, која се одржа денеска во Музеј на љубовта и уметноста.

Учесници на трибината беа проф. д-р Снежана Петрова Џамбазова од ИМЈ ” Крсте Мисирков’ кој што го носи името на првиот кодификатор и втемелувач на основните јазични црти на Македонскиот стандарден јазик, и проф л-р Раско Лозановски кој наведе неколку примери на погрешно употребени зборови посебно во образованието.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во ресторан „Маг Марг“ во Радовиш

Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2023 година.

Марко Ананиев од БК Бучим – Радовиш, доби признание за најперспективен спортист – пионер, Глорија Тодоровска – УСК Никола Карев, доби признание за спортистка на годината – кадети, Борис Колев – Муаи Таи Клуб Комбат, спортист на годината – кадет, Миахило Илиев – БК Бучим – Радовиш, доби признание за спортист на годината – јуниори, Александар Јермазов доби плакета за спортист на годината – сениори.

Посебни спортски достигнување им беа доделени на Славче Јанев од ФК Детонит Плачковица, Васе Спасов од БК Бучим – Радовиш за спортски работник за 2023 година, Ристо Спасов – БК Бучим од Радовиш за спортски тренер на годината, Живко Андонов – УСК Никола Карев за спортски работник за повеќегодишна работа, ЖФК Плачковица за женска екипа на годината.

Фудбалски клуб Детонит Плачковица за спортска екипа на годината, Александар Јермазов – бодибилдинг признание за спортист на годината во категорија сениори, а признанија добија и Изабела Зајкова, како и Одбојкарската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изгореле пет стари куќи во село Шипковица, на планина Плачковица, радовишко

Avatar

Published

на

На 11.02.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Шипковица, на планина Плачковица, радовишко, настанал пожар во кој изгореле пет стари куќи, нискостеблеста шума и сува трева.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе