Connect with us

Струмица

Над 1000 членови, поддржувачи и граѓани на изборна конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Струмица

Avatar

Published

на

Конститутивна изборна конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во саботата се одржа во Струмица, при што беше формирана општинска организација. За Претседател на Општинската организација во Струмица избран е Миле Цеков кој спомна дека ова е нова сила што ќе донесе коренети промени.

Во присуство на над 1000 членови, поддржувачи, граѓани претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски рече дека ова движење масовно се шири во цела Македонија и го радува фактот што граѓаните се обедунуваат и енергијата за промени, се чувствува и надвор од преполната сала.

За членови на извршен одбор избрани се Марјан Младенов, Марија Митева, Марија Пантева, Атанас Стојанов, Ристо Волков, Марјан Мицевски, Лилјана Јешменова Стојановиќ, Наташа Лазарова – Донева, Орче Панчев, Исмаил Исмаилов, Сања Чангулска. 

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија континуирано се шири, граѓаните се обединуваат“ вели Димитриевски кој рече дека двете политички партии си играат пинг- понг со граѓаните 30 години и дека е време за промени.

Струмица

Сообраќајна несреќа на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила синоќа

Avatar

Published

на

На 04.02.2024 година во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Медицински центар Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 04.02.2024 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 18 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Македонија

Движењето ЗНАМ за наша Македонија во сабота со конвенција во Струмица

Avatar

Published

на

Движењето ЗНАМ за наша Македонија, во сабота ќе одржи конвенција во Струмица.

„На настанот ќе присуствува претседателот на движењето ЗНАМ за наша Македонија – господинот Максим Димитриевски, а граѓаните ќе можат да се запознаат со нашите определби, цели и интереси“, соопштуваат од партијата.

Настанот ќе се одржи на 27.01 (сабота) во просториите на хотел и ресторан Етерно (Агроберза бр. 12 Струмица)  со почеток во 18:00 часот.

Прочитај повеќе

Струмица

Во новата градинка „Виножито“ во Струмица, отворена сензорна соба, донација од Амбасадата на Кина

Avatar

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ја посетија новата градинка „Виножито“ во Струмица, во која беше отворена сензорна соба, донација од Амбасадата на Кина.

Градоначалникот Костадинов во изјавата за медиумите го потенцираше континуираниот влог на општина Струмица во подобрувањето на инклузивните процеси во училиштата и предучилишните установи.

„Навистина денеска е убав ден за Струмица имајќи ја во предвид силната соработка што како општина ја имаме со Министерството и Владата на Република Северна Македонија, но и добриот партнерски и пријателски однос којшто го имаме со Амбасадата на Народна Република Кина. Како Општина постојано вложуваме и труд и сериозни средства во однос на подобрување на инклузијата во училиштата и на децата од предучилишна возраст и генерално сеопфатна инклузија преку најразлични социјални услуги што ги даваме како Општина и секако тука не застануваме. Во конкретниот случај станува збор за донација на сензорна соба. Во општина Струмица веќе постојат три сензорни соби во основните училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и навистина тоа ја пушта силната порака дека без разлика какви и да имаме разлики, како општина, општинска администрација или Совет, за нас сите се важни и битни. Во однос на социјалните услуги секако дека не застануваме тука, знаеме дека Струмица е првата општина во државата којашто има Шелтер центар за жени и деца жртви на семејно насилство, а во напредна фаза на реализација е и Куќата на пола пат која согласно динамиката и роковите коишто ги има изведувачот, очекуваме за три до четири месеци да бидат комплетирани и да ја надополниме палетата на социјални услуги за уште една. Упатувам огромна благодарност до Амбасадата на Народна Република Кина и секако придобивките коишто ги имаме преку соработката со Институтот Конфуциј, а која им овозможи на струмичките деца да учат кинески јазик. Таа соработка и партнерство ќе ја надополнуваме оти само на тој начин ќе го прошируваме и зајакнуваме пријателството меѓу нашите народи“, рече градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе