Врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Радовиш и член 3 од Методологијата за распределба на финансиски средства на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата бр. 08-1481/1 од 03.12.2021 год. а согласно донесената годишна Програма за активности на општина Радовиш во областа на културата во 2024 од 18.12.2023, год. Градоначалникот на општина Радовиш на ден 05.01.2024 год. објавува :
JАВЕН ПОВИК
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата од општина Радовиш за 2024 год.
Потребни документи за поднесување се :
-годишна програма за работа и финансиски план за 2024 год.;
-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2023 год.;
-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда за отворена и активна жиро сметка.
Период за доставување на документите е 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 18.01.2024 год. Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани, стои во повикот објавен од Општина Радовиш.