Connect with us

Струмица

Во Полициската станица- Струмица пријавено дека исчезнала 17-годишна девојка

Avatar

Published

на

На 11.01.2024 година во Полициската станица Струмица З.А. (40) од Струмица пријавил дека од нивниот дом се оддалечила неговата малолетна ќерка T.A. (17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во соопштението од СВР Струмица.

Струмица

Од 1 јуни поефтино гориво за 4 денари на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“

Avatar

Published

на

Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ ги наградуваат своите верни потрошувачи со попуст за секој литар наточено гориво. Од 1 јуни нафтените деривати наместо досегашните 3 денари ќе се продаваат поефтино по 4 денари помалку за литар од редовните цени утврдени од Регулаторната комисија.

Побарајте Loyalty card на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ и добијте го попустот веднаш на каса за секој литар наточено гориво.

Точете гориво на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ за 4 денари/литар поефтино од редовните цени.

Прочитај повеќе

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе