Радовиш
Општина Радовиш објави јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа, спортски работник и тренер за 2023 година
Објавено на
Од
Media Press
Врз основа на Статутот на општина Радовиш, како и врз основа Правилникот за критериуми за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници, Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш на ден 05.01.2024 год. објавува ЈАВЕН ОГЛАС за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2023 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа.
- Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2023 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
- Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2023 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
- Рокот за доставување на пријавите е 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 18.01.2024 год.
- Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш, Комисија за култура, образование и спорт, Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш.
Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш. Со назнака : За избор на спортист на годината, Kомисија за култура, образование и спорт,Претседател : Илче Костадинов
Поврзани содржини

Општина Струмица ја одржа манифестацијата за избор на најдобри спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година

Општина Радовиш ја одржа традиционалната манифестација Спортист на годината, Радовиш уште еднаш покажа дека е спортски град

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ОГЛАС за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2024 година

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ОГЛАС за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2022 година
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

