Радовиш
Адвокатско друштво Пепељугоски со донација за учениците од ООУ „Никола Карев“ -Радовиш, ПУ во Бучим, Парналија и Тополница
Објавено на
Од
Media PressТимот професионалци од Адвокатско друштво Пепељугоски традиционално секоја година во пресрет на новогодишните празници наоѓа начин како да ја поддржи заедницата преку активности кои пред се значат отворање можности за децата од руралните средини.
Годинава д-р Ана Пепељугоска, м-р Светлана Нечева, Филип Пантов и Фросина Касниоска ги посетија учениците во подрачните училишта во селата Бучим, Парналија и Тополница во кои 69 деца посетуваат настава на турски јазик. Во координација со наставниците и директорот на ООУ Никола Карев од Радовиш беше утврдено што е неопходно да се набави од едукативен и дидактички материјал за поквалитетно одвивање на наставата од прво до петто одделение но и кои подароци најмногу ќе ги израдуваат учениците.

„Како Адвокатско друштво веруваме дека секое дете треба да има пристап до квалитетно образование и настојуваме во континуитет да придонесуваме за подобри услови во училиштата. Оваа донација од опрема и дидактичко- едукативни материјали за ООУ Никола Карев од Радовиш е наменета за подрачните училишта во селата Бучим, Парналија и Тополница, училишта во кои настава посетуваат 69 деца. Соништата и желбите на овие деца треба да бидат пресретнати со многу отворени можности за учење и напредок. Во сезоната на празнување, дарување и новогодишна магија, задоволство ни е што денеска бевме пречекани од насмеани лица и запознавме љубопитни млади умови кои се стремат кон знаење. Остануваме посветени на нашата определба да вложуваме во заедницата и да придонесуваме кон создавање услови за младите да успеат.“, рече д-р Ана Пепељугоска, адвокат партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски.

Адвокатското друштво Пепељугоски речиси 25 години успешно функционира во Македонија покривајќи ги сите области на граѓанското и кривичното право. Адвокатското друштво е специјализирано за работење во областа на правото на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост), нелојална конкуренција, телекомуникации и медиуми и застапува врвни компании како Мајкрософт, Гугл, Мерцедес, Пивара Скопје, Тиквеш и др. Неизоставен дел од полето на работа се сите гранки на деловното право како: трговско право, корпоративно управување, договорно право, финансово право, царинско и даночно право, право за заштита на потрошувачите, банкарско право, и друго.

При донирањето на подароците беше присутен и директорот на ООУ „Никола Карев“ – Радовиш Кире Јанковски, кој искрено им се заблагодари за оваа донација.

Поврзани содржини

Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово во вредност од 78.000 франци

Советот одржа итна седница, Општина Радовиш ќе донира 500 илјади денари за помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Адора инженеринг донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја завршува оваа година со хумано дело

Новогодишни пакетчиња за дечињата во детските градинки во Радовиш од рудниците Бучим и Боров Дол

Нови топки и мрежа за одбојкарскиот спорт во Радовиш, од Одбојкарската федерација на Македонија
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

