Советот на општина Василево на вчера одржаната Седница, последна за оваа календарска 2023 година, едногласно го усвои предложениот Буџет за 2024 година, тежок 191 316 250 денари.
Според образложението за структурата на Буџењтот, дадено од одговорниот службеник во одделението за финасии, основниот буџет изнесува 679 900 000 денари, дотациите за основното образование и градинката 111 718 000 денари, за самофинансирачките активности 11 609 500 денари од кои од донации се планирани 88 750 денари. Во расходниот дел кај основниот Буџет за капитални расходи планирани се 32 570 000 денари и за тековно оперативни расходи 35 300 000 денари. Сите овие расходи се распределени по Програми, каде се опфатени тековните трошоци на општина Василево и капиталните трошоци.
Образложение даде и Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој како што нагласи Буџетот за 2024 година е развоен: „ Околу 32 000 000 се за капитални инвестиции, тоа всушност значи 50% од основниот Буџет е за капитални инвестиции, кое не е малку, па можам да кажам дека овој Буџет е развоен во смисла на реализација на капитални проекти а со тоа и решавање на проблемите на граѓаните; рече во образложението, Градоначалникот, притоа како поголеми планирани проекти издвојувајќи ги: канализацијата во Василево, во Ангелци изградба на последниот крак, исплата на последниот крак од канализацијата во Пиперево кој тековно се гради, потоа улици и патишта во речиси сите населени места, реконструкција на игралиштето во Владевци и Радичево, повеќенаменско во Висока Маала и како помали, партерно уредување во Градашорци, детско игралиште во Пиперево, фитнес зона во Василево.„ Сметам дека со сите тие капитални проекти ќе имаме 100% реализација на мојата предизборна Програма. Сметам дека домаќински ја водам општината, Долгот опаѓа, нема населено место каде што немаме реализација барем на еден капитален проект, а идната година и повеќе од два“, нагласи градоначалникот Андонов во образложението дадено пред Советниците.