Радовиш
Одржана последната седница на Советот на Општина Радовиш во оваа година, донесен Буџетот, дискусија околу цената на водата
Објавено на
Од
Media PressДонесен Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, тежок околу 677 милиони денари. На одржаната 42 седница и последна за оваа година советниците меѓу другото го донесоа и Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година.
Исто така беше усвоена и Предлог Одлуката за извршување на Буџетот на општина Радовиш за 2024 година и Предлог Општински Буџетски календар.
Меѓутоа се разви долга дискусија околу трите Предлог -одлуки за утврдувањето на тарифата за услугите на ЈП Плаваја на одржаната седница на Совет. Советниците овој пат беа сложни, не ги изгласаа предлог одлуките за цените во наредните три години да ги одредува Регулаторна комисија.
Откако советниците на вчерашната седница на советот на Општина Радовиш, беа против донесување на предлог одлука за давање согласност на одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење на ЈП Плаваја – Радовиш да го одредува Регулаторна комисија, пред да се стави на расправа предлог одлуката за собирање и одведување на урбани отпадни води се разви обемна дискусија.

Градоначалникот Ацо Ристов детално им образложи на советниците за што санува збор, и дека треба да бидат свесни и одговорни да не го доветат во прашање функционирањето на јавното претпријатие. Советниците се расправаа петнаестина минути кој повеќе работи во интерес на граѓаните, по што детално образложение даде и директорот на ЈП Плаваја, Дејан Крстев, околу состојбата на претпријатието и како тие опстануваат, дека немаат доволен број на вработени поради лошата финасиска состојба и ниската цена на водата за пиење. Тој додаде дека сега граѓаните плаќаат пониска цена на водата за пиење и од моменталниот минимум што го предвидува Регулаторна комисија. Но последните две години претпријатието е во лоша состојба поради високите сметки на струја. Така што тој рече, граѓаните да не се изненадат кога во сметките за февруари следната година ќе имаат повисоки цени на вода за пиење, а со тоа и повисоки сметки. Доколку ваквата одлука не се донесе ЈП Плаваја ќе биде казнета со 6.000 евра, со што дополнително ќе се оштети претпријатието, додаде Крстев.

По обемната дискусија околу трите Предлог – одлуки советниците со 16 гласа против и 2 воздржани не ги изгласаа предлог одлуките за утврдување на тарифникот околу снабдување и одведување на води на ЈП Плаваја – Радовиш.
Поврзани содржини

Петар Јанков е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион

Одржана конститутивната седница на Советот на општина Конче, верифицирани мандатите на новите советници

Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија

Општинската изборната комисија им ги додели уверенијата на градоначалникот Сарамандов и на новите членови на Советот на Општина Гевгелија

ОИК ги додели уверенијата на новиот градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец и на новите членовите на Советот на Општина Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред и едно советничко прашање
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

