ПЗУ Д-р Бојаџиев, специјалистичка ординација по ортопедија на нова атрактивна локација, на бул.“Александар Македонски“ во Радовиш
ПЗУ Д-р Бојаџиев, специјалистичка
ординација по ортопедија која годинава одбележува 24 годишно работење, од викендот започна со работа во нови простории на
нова локација на Бул. Александар Македонски веднаш до маркет
МАКОМ во новата зграда.
Истата е основана од Д-р Влатко Бојаџиев во 1998 година и е прва специјалистичка ординација по ортопедија во Македонија, а единствена во Радовиш. Д-р Влатко вели дека годишно опслужуваат околу 9.000 пациенти не само од општините Радовиш и Конче, туку и од други општини. Тој најави дека за прва пат во Радовиш ќе се започне со Дензитометриската метода за мерење на остеопороза, за што е набавен нов апарат во новата ординација
Лекарскиот тим сега се појачува со младиот лекар специјалист по ортопедија д-р Димитар Бојаџиев, кој за отварањето на новата современо опремена специјалистичка ординација вели:
„Ординацијата
нуди ортопедски прегледи и консултации и ултразвучни прегледи кај бебиња, деца
и возрасни. Исто таака го
следиме и насочуваме правилниот раст и развој кај децата
и бебињата. Се следи развојот
на колковите и коскеното созревање кај децата и бебињата со помош на ултразвук.
Се врши клинички преглед,
консултации и дијагностицирање на различни состојби коишто настанале поради
претходна повреда, како
и прегледи кај состојби коишто ги засегаат меките ткива кај возрасни пациенти.
Нашата мисија е да одиме подалеку од само лекување на симптомите; ние сме посветени на поттикнување на целокупната благосостојба и помагање на нашите пациенти да ја вратат својата мобилност и да водат активен, исполнет живот.
Со голема гордост би сакал да издвојам дека eден од
приоритетните апарати кој е од огромно значење и во кој инвестиравме е дензитометар. Со помош на овој апарат се мери
густината на коските. Станува збор зарадиолошка метода за мерење на коскена
густина – дензитометрија. Дензитометриската метода е златен стандард за навремено, неинвазивно
дијагностицирање на остеопороза. Оваа метода е најсигурна, едноставна, прецизна, безболна, безбедна и брза
метода за одредување на коскениот метаболизам и отстапувања во истиот.
Во рамки на подобрување на квалитетот и понудата на услугите кон пациентите инвестиравме и во уште еден апарат Diagnostic Ultrasound System Z50 ехо, преносно ехо кое има врвна комбинација на високи перформанси. Ова е од огромно значење за најмладите пациенти бебиња и деца, коишто со закажување нема да мора да патуваат до ординацијата во Радовиш, туку јас би ги посетувал во нивниот дом и тоа важи за сите градови во нашата држава, посебно пациентите кои имаат сериозни скршеници или пак се неподвижни, ќе имаат можност да бидат посетени во нивниот дом и таму да се направи целиот неопходен преглед“, вели д-р Димитар Бојаџиев млад лекар кој одлучил да остане овде, во својата држава и во својот роден град да им помага на граѓаните.
Искуството, младоста и новите технологии, споени во едно, специјалистичка ординација по ортопедија Д-р БОЈАЏИЕВ, на нова атрактивна локација на булевар Александар Македонски. Заедно со маркет Маком кој годинава одбележува 34 годишно работење прераснаа во еден комплекс кој останува на располагање на граѓаните.
Свеченото отварање беше во саботата во присуство на голем број поканети гости, лекари, пријатели и роднини.