Струмица

Струмица прва општина во државата која ќе изработи Акциски план преку којшто ќе се лоцираат потенцијалните загадувачи

Струмица е првата општина во државата, која благодарение на партнерството со УНДП, издвојува 10 милиони денари за изработување на Акциски план преку којшто ќе се лоцираат потенцијалните загадувачи и ќе се подготват конкретни мерки и иницијативи преку кои општината заедно со инспекторатите ќе го решава проблемот со аерозагадувањето, информираат од општината.

-Благодарен сум за соработката со УНДП затоа што 20 милиони денари, 10 милиони денари од УНДП и 10 милиони денари од општина Струмица, се навистина важен ресурс кога станува збор за таа битка со аерозагадувањето. Веќе се преземаат радикални чекори, очекуваме дека до крајот на оваа недела да биде објавена и јавната набавка за набавка на електрични автобуси и конечно да го реализираме проектот Струмица прв град со целосно електрифициран превоз на Балканот. Таквите иницијативи, таквата соработка со УНДП и со други меѓународни институции, може само да ја зајакнуваме кога станува збор за здравјето на граѓаните, за заштита на животната средина и конечно еднаш засекогаш, справување со загадувањето на воздухот, вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Како плод на добрата соработка со УНДП, Струмица денеска беше домаќин на работилницата за обезбедување податоци за подготовка на успешни планови за квалитет на воздухот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago