Радовиш

ОО на Црвен крст- Радовиш, со пригодна свеченост го одбележаа Светскиот ден на волонтерството 5-ти Декември

Младите волонтери од ОО на Црвен крст Радовиш со пригодна свеченост го одбележаа Светскиот ден на волонтерството 5-ти Декември, со презентирање на хуманитарни видеа на волонтерите и нивните активности и со доделување на благодарници на нивните поддржувачи. На почетокот тие реализираа показна вежба симулација при земјотрес и помош на настраданите.

За значењето на волонтерството зборуваа и самите волонтери а свое обраќање имаа секретарот на црвен крст -Радовиш Верица Беќарова и претседателот на Општинската организација на Црвен крст Ванчо Коцев.

Во продолжение беа доделени благодарници на поддржувачите на Црвен крст на волонтери кои ги подржуваат активностите на Јавни институции како што се Здравствен дом Радовиш, ТППЕ Радовиш и ПС Радовиш кои се редовно вклучено ви сите активности и симулациони вежби и на 30-тина млади волонтери кои се редовно активни во Црвен крст Радовиш.

На свеченоста која се одржа во ресторан Маг Марг  во Радовиш присуствуваа голем број поканети гости и претставници на институции. Светскиот ден на волонтерството е ден кој го прославуваат над 17 милони волонтери од целиот свет во рамките на движењето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago