Македонија

МЗШВ: Собранието го усвои новиот закон за дивечот и ловството

Собранието го усвои законот за дивечот и ловството, со многубројни новости и законско решение усогласено со регулативите на Европската Унија.

Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки, бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина дивечот се предвидува да се дава на користење и управување, наместо на концесија како што беше досегашното законско решение, и тоа на период до 20 години, соопштува МЗШВ.

Предност при доделата на дивечот во ловиштата на користење, при исти услови, би имале досегашните концесионери на дивечот, а кои најмногу припаѓаат на ловечките друштва.

Новиот закон за дивечот и ловството предвидува поголеми јавни овластувања за Ловечката Федерација на Македонија. Од безбедносен аспект, со новиот закон, се предвидува задолжителна обука пред полагањето на ловечкиот испит, посебно во делот на безбедноста при ловот. Понатаму со новиот закон се предвидува одредба со која флуросцентните маркер елеци стануваат задолжителни при лов на дивеч.

Новост е и тоа што ловната сезона на дивата свиња започнува порано, односно се предвидува да започне на 1 мај, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови на дивеч.

„Законот за дивечот и ловството дава можност за формирање на полигон за лов на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч. На овој начин се допринесува во развојот на ловниот туризам, како и можност за производство и промет на месо од дивеч“ стои во соопштението од ресорното Министерство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago