Connect with us

Македонија

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Avatar

Published

на

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Ванковска се поблиску до потребните потписи за кандидат за претседател, Јакимовски веднаш понеа

Avatar

Published

на

Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица се поблиску до собирање на потребните 10.000 потписи. До вчеравечер собрала 9.085 потписи потребни за официјализирање на претседателската кандидатура. Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, пак, собрал 7.994 потписи, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Доколку ги соберат потребнитњ потписи тие че влезат во трката за претседател заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи и Арбен Таравари кои претходно ги собраа потребните потписи.

Прочитај повеќе

Македонија

Градоначалникот Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој, која се одржа во Владата, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија која опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на Македонија во следните две децении.

Одлука за формирање на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија е донесена на седница на Владата и Решение за именување на членови на Националниот совет за развој во кој членува и Градоначалникот Ристов.

„Националната развојна стратегија, ја отсликува инклузивноста на нашата држава. Овој процес се подготвуваше скоро три години, при што учествуваа околу 14 000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1000 млади и членови на младински организации“, вели Ристов во однос Националната развојна стратегија.

Прочитај повеќе

Македонија

Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

Дик ги објави последните податоци и според нив Максим Димитриевски собрал 10.700 потписи.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура како и кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари. 

Според последните податоци Бујар Османи собрал 11.028 потписи а Таравари 10.083.

За нив трката за претседател може да почне за останатите кандидати се уште собираат потписи.

Билјана Ванковска досега има собрано 7.876 потписи и Стевчо Јакимовски 6.676.

Прочитај повеќе