Радовиш
Бесплатна вакцинација за сезонски грип во Домот за стари лица во Радовиш
Published
1 недела agoна
By
Media Press
ЈЗУ „Здравствен дом“- Радовиш денеска со медицинската екипа предводена од директорот Симона Цветаноски заедно со д-р.специјалист Стојанче Петров и медицинските сестри Сузана Митева и Лидија Ваљакова, спроведе бесплатна вакцинација за сезонски грип во Астреон Дом за стари лица во Радовиш. Оваа активност се спроведе во соработка со домот за стари лица, а со цел истите да се заштитат од сезонски грип.

Од Здравствен дом- Радовиш информираат дека има доволно вакцини на располагање и за останати граѓани кои се заинтересирани и може да го посетат здравствениот том за да се вакцинираат со вакцини против сезонски грип.

Поврзани содржини
Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето
Голем интерес за трета вакцина во Гевгелија
Трета доза вакцина примиле 181 граѓани
Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација
Со две дози вакцина се вакцинирале околу 603.000 граѓани во државата
Пунктот за вакцинација во СЦ Борис Трајковски започна со работа, се вакцинира без закажан термин
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
