Радовиш
Кривична пријава против три лица од радовишко за повеќе кривични дела во врска со бесправна сеча на дрва
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Е.Г.(35) и С.И.(41), двајцата од село Бучим, радовишко и Ј.В.(62) од село Лубница, општина Конче, поради основано сомнение дека Е.Г. сторил кривични дела „пустошење на шума“, „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, дека С.И. сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „пустошење на шума“, а Ј.В. сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.Е.Г. и С.И., со цел да прикријат пустошење на шума на државни парцели, се договориле С.И. да склучи договор со Н.Д. од Радовиш, сопственик на приватни шуми на место викано „Горна Враштица“, атар на село Дамјан, радовишко, за сеча и продажба на огревни стебла од парцели на Н.Д., кои граничат со државните парцели.
Откако го склучиле договорот, Е.Г. во име на Н.Д. поднел барање за одобрение за сеча, при што од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш му се издадени одобренија за сеча во катастарските парцели на Н.Д. Потоа, во периодот од јули до септември 2023 година, Е.Г. во 10 катастарски парцели, сопственост на Република С Македонија, извршил бесправна сеча на 78,07 кубни метри дабово огревно дрво, со што нанел штета од 642.859 денари на Република Северна Македонија.
Дел од бесправно исечените дрва ги обележал со жиг, кој по карактеристиките не одговара на формата и назнаките на оригиналниот жиг. При транспортот на дрвата, полициски службеници од ОВР Радовиш го запреле товарното возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Е.Г., при што било констатирано дека врши превоз без да поседува лиценца.
Третопријавениот Ј.В., при вршењето на неговите овластувања на работното место референт за сеча, дотур и превоз за приватни шуми, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и изготвувал испратници за превоз на огревно дрво на име на првопријавениот Е.Г. и покрај тоа што одобренијата за сеча биле издадени на име на Н.Д. На овој начин му овозможил на Е.Г. да изврши сеча на вкупно 155,15 кубни метри дабово огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист од 652.405 денари.
Поврзани содржини
Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Нема повеќе крпење дупки, целосна реконструкција на централните улици во Радовиш
Нов ЦТГ апарат за потребите на бремените жени набави ЈЗУ Здравствен дом Радовиш
Лишен од слобода вработен во Државен пазарен испекторат поради примање поткуп
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
