Connect with us

Радовиш

Можни се измени на Проектот Зонско паркирање во Радовиш -дискусија на седница на Совет

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 39 -та седница на која по поставени советнички прашања околу проектот Зонско паркирање и неговото функционирање, повторно се разви дискусија. Градоначалникот Ацо Ристов рече дека по нова година проектот ќе претрпе измени, но и дека полицијата треба да делува онаму каде граѓаните не ги почитуваат законските прописи.

На прашањето од Советникот Дејан Вучковски дали лично е задоволен од функционирањето на зонското паркирање градоначалникот Ристов рече:

Лично сум задоволен како функционира проектот, но сметам дека некои граѓани не ги почитуваат законските прописи и паркираат на зелени површини или на тортоари, а плоцијата не реагира. Има аномалии не велам дека нема, но ќе ги анализираме и ќе направиме измени. До крајот на годината потребно е да се достават иницијативи или реакции од граѓаните за евентуални измени на проектот. бидејќи промени ќе се вршат еднаш годишно“, рече градоначалникот Ристов.

За седницата беа предвидени 18 точки на дневен ред и една дополнителна точка на предлог на градоначалникот Ристов, Предлог одлука основните проекти, физибилите студии и мастер планови кои се изработени од АД МЕПСО се стават на располагање и евентуално понатамошно реализирање на Општина Радовиш и да се бараат потенцијални инвеститори.

Покрај другото на седницата беше усвоен и кварталниот извештај за трет квартал за извршување на Буџетот на Општина Радовиш, Исто така беше усвоена и Предлог измена и дополнување – Втор ребаланс на буџетот на Општина Радовиш за 2023 година.

Советниците ги донесоа и останатите Предлог одлуки и Предлог развојни програми. 

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе