Македонија
Од утре задолжително зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.
На возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска им се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно им се регистрираат 25 негативни бодови.
Воедно полициски службеник може да нареди прекин на натамошното движење на возилото, ако возачот не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба, како и во ситуација кога не постои таков сообраќаен. Ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.
Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата се подразбира:
За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:
– зимски
пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот
слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот
слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот
поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други
соодветни помагала.
За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски
пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот
слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот
слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот
поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег
треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон,
синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
– зимски
пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот
слој по обем и широчина од 6 мм.
– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на
нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот
има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други
соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да
постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици
на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Поврзани содржини
Од денеска е задолжително поседувањето зимска опрема во возилата
Претставува да важи обврската за поседување зимска опрема во возилата
Од денеска задолжителна обврска за носење зимска опрема во возилата
На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата околу 30 минути
Претставува да важи обврската за поседување зимска опрема во возилата
Од денеска започнува задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
6 часа agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
