Струмица

Нова опрема за против пожарните единици во регионот, преку проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица доби ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување и дрон со термална камера. Дрон со термална камера доби и ТППЕ од Радовиш.

Оваа набавка значително го подобрува капацитетот на единиците и ќе ги олесни интервенциите на терен, особено при справување со шумски пожари, кои во последните години предизвикаа сериозни економски штети, дури и човечки жртви во регионот.

-Покрај тоа што го добива Струмица, ова противпожарно возило ќе им служи и на жителите на Ново Село, Босилово и Василево, заради тоа што нашата Противпожарна единица е територијална и го покрива микрорегионот“, вели градоначалникот Костадин Костадинов на примопредавањето на клучевите од возилото.

Набавката на возилото и дроновите е во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago