Радовиш

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш ќе спроведе бесплатно мерење на гликемија и едукација за дијабетисот

По повод светскиот ден на борба против дијабетесот, ЈЗУ Здравствен дом Радовиш во соработка со Здружението на дијабетичари на Општините Радовиш и Конче , ќе спроведе Акција која ќе се состои од бесплатно мерење на гликемија, едукација за препознавање на раните знаци и симптоми на дијабетисот и негово правилно лекување, од страна на д-р Панче Николов специјализант по Интерна медицина .

Акцијата ќе се спроведе во понеделник на 13.11.2023 година со почеток од 12:00 часот  во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш.

Се повикуваат граѓаните да ја посетат акцијата и да си го проверат своето здравје навреме и бесплатно.

Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна за живот и може да има тешки последици врз поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии.
Секој десетти возрасен во светот или над 537 милиони има дијабетес. Се очекува до 2030 година бројот на заболени да се зголеми на 643 милиони, а до 2045 година на 783 милиони.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago