Регион
ЦУК Струмица доби теренско возило со ИКТ опрема за ноќни операции и рано откривање на шумски пожари
Објавено на
Од
Media Press
Во Регионалниот ЦУК Струмица, извршено примопредавање на возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции добиено од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција („еФИДАР“ – eFIDAR). Примопредавањето беше извршено во присуство на директорот на ЦУК, заменик Директорот, националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица.
Конкретно, преку реализирање на проектот за рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи eFIDAR, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Македонија, 2014-2020, се изврши примопредавање на набавеното теренско возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции.
Основната цел на ова возило а врз основа на надлежностите и задачите како и следење на состојбите со пожари возилото преку GPS, е планирано да биде поврзано со дроновите и Командниот центар во Струмица заради ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа што ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија којашто ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари“ информираат од Центар за управување со кризи.

Поврзани содржини

Општина Струмица објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Серафимовски: Постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка

Јанков: Во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува нашето најсигурно засолниште на мудроста, знаењето и човечноста

Општина Струмица нуди бесплатен приклучок и субвенции за секој кубик гас

Пријава за кражба во Струмица, две лица му упатиле закани со остар предмет и му одзеле пари

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“
Регион
Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Регион
Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
Media Press
На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Регион
Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица
Published
4 недели agoна
октомври 19, 2026By
Media Press
На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

