Радовиш
На Свечена академија во Радовиш, доделени 16 Шестоноемвриски Признанија и плакети
Published
3 недели agoна
By
Media Press
Општина Радовиш одбележа – 79 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.
По тој повод вчера во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше одржана свечена седница на Советот на општина Радовиш, и Свечена академија. На предлог на комисијата за награди и признанија, беше донесена Одлука за доделување на овогодишните шестоноемвриски признанија и плакети.

На Свечената акдемија свое обраќање имаше градоначалникот Ацо Ристов кој им го честита празникот 6 ти Ноември на сите граѓани, притоа потенцирајќи го значењето на истиот.

Шестоноемвриски Признанија беа доделени на:
1. Занаетчиски дуќан „Леблебиџилница Македонија“- За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
2. Кафе бар „ТИ АМО“ – За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
3. Месара „Дишови“ – За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
4. Пекара „ЛУКАС ТРЕЈД“- За долгогодишна успешна дејност, чување на традицијата и афирмација на општина Радовиш
5. Занаетчија Трајчев Трајче – За долгогодишна успешна самостојна дејност и чување на традицијата
6. Методи Иванов – За достигнување во областа на фолклорот, културата и афирмација на општина Радовиш
7. Балетско студио „Газели“- За достигнување во областа на модерниот балет, културата и афирмација на општина Радовиш
8. Олгица Поцкова – За негување на радовишкиот дијалект и афирмација на општина Радовиш
9. Наташа Чапова – Постхумно признание за хуманитарна дејност и афирмација на општина Радовиш
10. Центар ПОРАКА – За успешна хуманитарна и социјална дејност и афирмација на општина Радовиш
11. Ѓорги Каракашев – За континуирано врвно производство, унапредување на земјоделството и афирмација на општина Радовиш
12. Славе Јовановски – За висока општествена одговорност, донирање и афирмација на општина Радовиш
13. Илија Трајанов – Признание за животно дело.
Шестоноемвриски Плакети се доделија на:1. Г-дин Милош Ненезич – Трајал корпорација – Плакета за долгогодишна успешна соработка и поддршка на јавните дејности во општина Радовиш
2. Компанија „СУПЕР ХИТ“ – Плакета за 50 години успешна дејност и афирмација на општина Радовиш
Посебно признание се додели на Николајчо Николов – Почесен граѓанин на општина Радовиш.

Поврзани содржини
Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Нема повеќе крпење дупки, целосна реконструкција на централните улици во Радовиш
Нов ЦТГ апарат за потребите на бремените жени набави ЈЗУ Здравствен дом Радовиш
Лишен од слобода вработен во Државен пазарен испекторат поради примање поткуп
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
