Технологија

Шведска го гради првиот пат во светот кој ќе ги полни електричните возила во движење

Станува збор за делница од 21 км.

Шведска го гради првиот постојан електрифициран пат во светот кој ќе ги полни електричните возила додека се во движење. Државата веќе реализираше четири пилот проекти, односно изгради четири привремени електрифицирани патишта, вклучувајќи го и градот Лунд. Но, оваа патна делница од 21 километар ќе биде постојана.

Електрификуваниот пат го гради шведскиот транспортен орган Трафикверкет, кој во моментов работи на изнаоѓање изведувач за проектот. Трафикверкет сè уште не ја избрал технологијата за полнење за револуционерниот проект, но дизајнот и изградбата се очекува да бидат завршени во 2025 година, а патот наскоро да биде отворен за сообраќај.

Трафикверкет разгледува три опции, надземни инсталации, електрични шини вградени во асфалтната површина кои ја пренесуваат EV енергијата преку проводник под возилото или индуктивни намотки вградени на патот кои безжично ја пренесуваат електричната енергија до возилото, пишува Revijahak .

Електрификуваниот пат ќе биде поставен на автопатот Е20, меѓу Халсберг и Оребро. Автопатот се протега помеѓу Стокхолм на север, преку Гетеборг и Малме на југ – и е избран намерно бидејќи е сообраќаен коридор за комерцијален транспорт на стоки. Го има и потребното напојување.

Шведскиот универзитет за технологија Чалмерс објави студија во март, во која се сугерира дека комбинацијата на електрифицирани патишта на 25 отсто од најпрометните национални и европски патишта и домашно полнење на електрични возила би било оптимално за преминот кон електрични возила.

Научниците тврдат дека тогаш батериите во електричните возила би можеле да бидат значително помали.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago