Пристигна четвртата генерација
на моделот Škoda Superb, со дизајн кој комбинира елегантни линии со нови фарови
и традиционален дизајн инспириран од чешкиот кристал.
Моделот ќе биде достапен како
лифтбек со практична задна врата и како комби варијанта на караван. Осветлувањето
е подинамично од претходните модели, а фаровите се достапни во две опции.
Исто така, од Škoda велат дека
аеродинамиката на овој модел е подобрена, а Superb сега е подолг и повисок од
неговите претходници, па има должина од 4912 mm, ширина од 1849 mm и висина од
1481 mm. Меѓуоскиното растојание е 2841 mm.
Škoda им нуди на купувачите на
новиот Superb шест погонски единици, со моќност од 160 до 265 КС.
Палетата вклучува 1,5-литарски
TSI бензински мотор кој развива 150 КС и е комбиниран со хибридна технологија,
што е, исто така, првпат Škoda да примени стартер генератор со појас од 48
волти и литиум-јонска батерија од 48 волти. Врвен.
Има уште два
бензински и два дизел мотори, а како и 1,5-литарскиот TSI, тие се споени со
седумстепен DSG менувач.
Два 2,0-литарски TSI мотори
развиваат 204 КС и 265 КС, додека два 2,0-литарски TDI мотори произведуваат 150
и 193 КС. Најмоќните бензински и дизел мотори доаѓаат со погон на четири
тркала, а од Škoda истакнуваат дека сите тие го исполнуваат стандардот Euro 6d.
Покрај овие верзии, клиентите
ќе можат да изберат уште една со plug-in хибриден погон, која е достапна
исклучиво за комби караванот.
Станува збор
за 1,5-литарски TSI мотор од 150 КС, кој е комбиниран со батерија со капацитет
од 25,7 kWh, што е двојно поголема од претходната и која овозможува автономија
до 100 km (40 повеќе отколку во случај на неговиот претходник). Вкупната моќност е 204 КС, а на предните тркала се пренесува преку
шестстепен DSG менувач.