Конче
Општина Конче уреди околу 70 км локални патишта
Published
4 недели agoна
By
Media Press
Во изминатите дваесетина дена преку ангажирање на лица опфатени во Договорот со АВРМ за јавни работи, Општина Конче успеа да спроведе повеќе активности како што се уредување на јавно прометни површини, чистење на банкини на локални патишта и улици, при што се уредени околу 70 км локални патишта, а во соработка со ЈПДП изврши обележување на регионалниот пат Конче-Радовиш.

„Сето ова е во насока за обезбедување на сигурен и безбеден сообраќај за непречено движење на возилата, особено за зимскиот период кога имаме загрозување на патиштата од временските неприлики“, вели градоначалникот Златко Ристов.
Поврзани содржини
Сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Конче
Општина Конче започна со уредување на полските патишта
Published
1 недела agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Општина Конче започна со уредување на полските патишта во општината кои се од витално значање за извршување на земјоделскита активности.
„Овие денови во тек се активности за транспорт и нанесување на дробен камен на полски патишта во сите населени места , каде приоритет се критичните локации каде пристапот до обработливите површини е отежнат“, информира градоначалникот Златко Ристов кој вели дека уредувањето на полските патишта останува приоритет и понатаму.

Конче
Сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче
Published
1 месец agoна
ноември 1, 2023By
Media Press
Во тек се активности за сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче, согласно програмата за уредување на патишта и улици. Како што дознаваме од градоначалникот Златко Ристов деновиве се уредуваат улиците во село Дедино, по што ќе се продолжи со овие активности и во останатите населени места. Истовремено улиците се чистат и од наталожена земја.

Исто така во овој период завршија работните активности за изградба и уредување на пристапна улица ,,4″ во населеното место Горни Липовик. Овие активности финансиски се поддржани од буџетот на Општина Конче.
Конче
За прв пат во Конче Меморијален меѓународен турнир во борење „Тони Танчев“
Published
2 месеци agoна
октомври 12, 2023By
Media Press
Општина Конче за прв пат ќе биде домаќин на првиот Меморијален меѓународен турнир во борење ,,Тони Танчев” во чест на големиот борец Тони Танчев, кој што го положи својот живот за борењето во Општина Конче и БК клуб Бучим Шампиони -Конче.
Општина Конче и градоначалникот Златко Ристов ги поканува сите граѓани и љубители на спортот, заедно да ја проследат програмата со почеток од 14:00 часот на 14.10.2023, сабота, во која ке земат учество повеке БК од Македонија како и БК од соседните земји!
Турнирот ќе се одржи во спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
