Connect with us

Струмица

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведени млади лица

Avatar

Published

на

На 01.11.2023 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица. При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и поднесена соодветна пријава. 

Исто така вчера во 06.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(19) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Струмица

Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Avatar

Published

на

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.

Прочитај повеќе

Струмица

Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација

Avatar

Published

на

Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе