Во недела на 05 Ноември ќе се одржи традиционалната Манифестација „Ден на празот“, со почеток во12 часот во дворот на црквата Св.Никола во Градошорции. Манифестацијата ,,Ден на Празот” е една од најстарите Манифестации од ваков тип во државата, каде на најубав можен начин се промовира една култура но и едно поднебје со сите негови специфики и е од огромно значење за локалниот економски развој на општина Василево.
Градоначалникот Славе Андонов ги поканува граѓаните на Република Македонија во недела, на 05 Ноември да дојдат во Градашорци, и да бидат дел од Манифестацијата „Ден на празот“ да за забавуваат и да вкусат од специјалитетите со праз.
„Покрај промотивниот дел на Празијадата имаме и културно уметничка програма каде што ќе се претстават учениците од двете централни училишта и нашата гордост, КУД „Сушевски бисери“ од Сушево. Посебен гостин на Празијадата ќе биде и нашата пејачка Андријана Јаневска. Но што би била Празијадата ако не ги спомнеме и вредните домаќинки кои на оваа манифестација подготвуваат бројни специјалитети со кои ќе се претстават пред сите посетители. Имаме најава за огромен број на гости како од земјава, така и од Р.Бугарија а оваа година за прв пат ќе присуствува и градоначалничката на збратимената општина Понтенуре, Р.Италија“, информира градоначалникот Андонов.