Радовиш
Усвоени повеќе Предлог-програми и Предлог-одлуки на последната седница на Советот на Општина Радовиш
Published
1 месец agoна
By
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 37 седница со дневен ред од 25 точки, при што беа разгледани и усвоени повеќе Предлог-програми и Предлог-одлуки. На почетокот советниците имаа можност да постават и Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов.

Во продолжение беше усвоен Годишен план за изменување на планот за вработување за 2023 година на Општина Радовиш, од 19 октомври годинава. Потоа предлог- програма за родова рамноправност на мажите и жените во Општина Радовиш , Предлог Одлука за усвојување на урбанистичка ревизија за Општина Радовиш.
На седницата беа усвоени и неколку Предлог – Измени: за дополнување на програмата за јавно осветлување за 2023, дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба реконструкција и одржување на комунални објекти и локални патишта за 2023 година во Општина Радовиш.

Потоа Предлог Измена и дополнување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Радовиш, Предлог измена на План за програма за Развој 2023 и 2024 – Градски Пазар. Потоа Предлог измена на Развојна Програма и Предлог Развојна Програма за воведување на ефикасна услуга на централно греење базирано на обновливи извори на енергија.
Беше донесена и предлог измена на Програмата за финасисрање на проекти за 2023 година и Предлог Програма за измена и дополнување на програмата за функционирање на администрацијата во ЕЛС Општина Радовиш. Предлог одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства за реализација на манифестацијата Самун ем татлија беше една од точките на дневниот ред. На крајот беа донесени и неколку Предлог Одлуки за одобрување на финансиски средства на Здруженија на граѓани и физички лица.
Седницата ја водеше Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Поврзани содржини
Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Нема повеќе крпење дупки, целосна реконструкција на централните улици во Радовиш
Нов ЦТГ апарат за потребите на бремените жени набави ЈЗУ Здравствен дом Радовиш
Лишен од слобода вработен во Државен пазарен испекторат поради примање поткуп
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
